Македонија
Облачното и ветровито време ќе се задржи до викендот

Времето денеска ќе биде променливо облачно со локален дожд и услови за ретки грмежи претежно во планинските региони, велат од Управата за хидрометеоролошки работи. Оттаму додаваат дека ќе дува умерен северен ветер, кој краткотрајно на север ќе се засилува. Минималната температура ќе се движи од 7 до 12, а максималната од 17 до 25 Целзиусови степени.
Во Скопје слично време со услови за краткотрајна појава на дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен северен ветер, кој краткотрајно ќе се засилува. Температурата ќе биде во интервал од 9 до 23 степени.
До петок времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремен локален дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува претежно умерен северен ветер. В петок во северните делови и по должина на Повардарјето ветерот повремено ќе се засилува и ќе биде малку пoсвежо. За време на викендот времето ќе биде претежно сончево, а дневните температури ќе бидат во пораст.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Денеска претежно облачно и посвежо, со повремени врнежи од дожд

Времето денеска претежно облачно и посвежо, со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни со услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 14 до 22 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 21 степени
Под влијание на циклонска активност до понеделник времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 20 l/m²). Потоа во следните два дена времето ќе биде претежно стабилно. Дневната температура во текот на прогнозираниот период ќе биде за 8 до 10 степени пониска во однос на претходниот.
Македонија
Пронајдени двете девојки од Португалија кои се изгубија во реонот на Водно – Матка

Денес околу 17.00 часот од страна на Центарот за управување со кризи бевме известени за две изгубени туристки во реонот од врвот на Водно кон Матка, извести директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.
Како што информираше Ангелов, Дирекцијата за заштита и спасување итно извршила мобилизација на тимот за спасување на планина од Тетово и истиот веднаш бил упатен во пребарување на теренот.
Во 18.40 двете девојки од Португалија беа пронајдени и однесени до ресторанот Матка каде ги пречека Конзулот на Република Португалија, додава Ангелов.
Македонија
Дел од Ѓорче Петров утре без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека утре без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улиците Веле Марков, Ибе Паликуќа, Воин Драшковиќ, Рафаел Батино. (општина Ѓорче Петров)