Македонија
Облачно време со врнежи од дожд и од снег
Времето во Македонија ќе биде облачно, студено и ветровито со повремени врнежи кои на планините и на повисоките места ќе бидат од снег со слаб до умерен интензитет, информира УХМР.
Попладне врнежи од снег се очекуваат и на некои пониски места. Ќе дува засилен северен ветер што ќе услови значителен пад на температурата во наредните денови.
Утринската температура ќе се движи од два до девет, а дневната од еден до 10 степени.
Во Скопје облачно со врнежи од дожд. Ќе дува северен ветер. Температурата ќе достигне до шест степени.
Утре ќе биде студено, на места со провејување на слаб снег, а в петок се очекува намалување на облачноста и утрински температури насекаде под нулата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Две сообраќајни несреќи и одрон на автопатот Скопје – Велес после патарината Сопот
На автопат Скопје – Велес после патарина Сопот пред тунелите на Башино село поради одрон на левата коловозна лента сообраќајот се одвива по десната коловозна лента се, и испратени служба од ПС за БПС Велес, извести АМСМ.
Во меѓу време на истото место случени се две сообраќајни незгоди со матријална штета повредени нема, сообраќајот се одвива по една коловозна лента, додаваат од АМСМ.
фото: архива
Македонија
Дел од Бутел денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, објектите на Дом за Малолетни Деликвенти. (општина Бутел)
Македонија
Непречен сообраќај низ државата, по влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

