Македонија
Облачно и ветровито со температура до 14 степени

Времето ќе биде умерено облачно со слаб ветер од јужен правец. По котлините претпладне ќе има појава на магла и ниска облачност, кои по одделни котлини ќе се задржат и во текот на денот. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 7 до 14 степени.
Во Скопје претпладне ќе има појава на магла и ниска облачност, која во текот на денот ќе се намали. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Следува период на стабилно и суво време. По котлините во претпладневните часови ќе има појава на магла и ниска облачност. Температурите ќе бидат без промена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нормализиран сообраќајот на автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, соопшти МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека е пуштен за сообраќај автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Истиот поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025) беше затворен за сообраќај.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци

Во 21.25 часот сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци е нормализиран, соопшти АМСМ.
Сообраќајот во спротивниот правец ќе биде пуштен штом се создадат услови.
Македонија
МВР: Поради пожар, затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025), затворен за сообраќај е автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Возилата се пренасочуваат кон Петровец.
МВР со апел до граѓаните, да не се упатуваат кон овој дел од автопатот се додека не се создадат услови за повторно пуштање на сообраќајот.