Контакт

Македонија

Облачно и дождливо, на планините снег

Објавено пред

Времето денеска ќе биде променливо облачно со локални и послаби врнежи од дожд, а на планините на север од снег. По должината на Повардарието и на истокот ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 5 до 11 степени.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје ќе биде променливо облачно со умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне 6 степени.

Поради продор на студена воздушна маса од север, в среда попладне и в четврток ќе има локални врнежи, кои речиси насекаде ќе бидат од снег. В петок и за време на викендот ќе биде многу студено, а температурата во поголем дел од земјава преку целиот ден ќе се задржи под нулата.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Натпревар за поголема свест за важноста од прва помош

Објавено пред

 Државен натпревар во прва помош се одржа денеска во Скопје. Организиран е од Црвениот крст во соработка со Општина Ѓорче Петров, соопштија попладнево од локалната самоуправа.

dobivaj vesti na viber

Во натпреварот Учествувале 12 екипи од основни и средни училишта од различни градови низ државата.

Како што потенцираа од Општина Ѓорче Петров, целта на овие активности е да се зголеми свеста за важноста од прва помош и да се обучат младите во вештини што можат да спасат животи.

На настанот присуствувале и генералниот секретар на Црвениот крст Саит Саити, градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски и заменик – министерот за образование Лулзим Алиу.

Прикажи повеќе...

Македонија

Уште два дена сонце, од вторник дожд и грмежи

Објавено пред

Следните два дена времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во вторник и среда се очекува преодно наоблачување со локални врнежи од дожд, на места поројни со услови за појава на грмежи.

dobivaj vesti na viber

Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утре преку ден ќе биде сончево и релативно топло со мала облачност и со слаб променлив ветер. Утрото ќе биде посвежо. Минималната температура ќе се движи од три до 13 степени, а максималната од 18 до 28 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и претежно тивко, со минимална температура од седум, а максимална од 27 степени.

Прикажи повеќе...

Македонија

Со нова мобилна апликација МВР ќе се бори против семејното насилство

Објавено пред

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски се обрати на промоција на мобилната апликација „Џастис РБН за родово базирано насилство“, која се одржа во Центарот за обука на Министерството за внатрешни работи во Идризово.

dobivaj vesti na viber

Апликацијата која треба да помогне да се зајакнат капацитетите  на полицијата во постапувањето со жени жртви на насилство и семејно насилство и истата ќе биде дел од материјалите за учење за кадетите за полицаец, но и од континуираниот процес на учење на полициските службеници на работните места. Содржината на апликацијата е изработена од работна група со членови од Центарот за обука, Бирото за јавна безбедност и Одделот за информатика и телекомуникации, а Мисијата на ОБСЕ во Виена даде силна поддршка  во изработката апликацијата, со менторство на целиот процес и ангажман.

Истата ќе биде дел од материјалите за учење за кадетите за полицаец, но и од континуираниот процес на учење на полициските службеници на работните места.

„Полициската професија е сложена и комплексна. Од полицискиот службеник се очекува брз и ефикасен одговор, но и одговор кој во целост ќе ја задоволи процедуралната правда за жртвите. Полициските службеници често се соочуваат со предизвикот да дадат одговор по пријави за родово базирано насилство врз жени и семејно насилство, а потребата за почитување на процедурите во постапката е од извонредно значење за жртвата, но и за полицијата како служба која има примарна надлежност да штити преку соодветно постапување.“, потенцираше министерот Тошковски.

Министерот Тошковски нагласи дека ваквите алатки за учење како што е мобилната апликација за родово базирано насилство и семејно насилство, треба да го овозможи процесот за полесно учење, за следење на процедурите при постапувањето по пријави за овој вид на кривични дела.

Родово базираното насилство врз жени и семејното насилство е проблем кој ја засега целата заедница. Мултисекторскиот одговор, брзината и ефикасноста на одговорот кој го нуди полицијата треба целосно да биде заснован на родово разбирање на насилството, одговор без дискриминација, одговор со кој во центарот на целокупното внимание ќе биде ставена жртвата, нејзините права и потреби. Знаењето на процедурата, познавањето на начелата за постапување, протоколот за соработка со другите институции  се една од гаранциите за обезбедување на ефикасен систем за помош, поддршка и заштита на жените жртви на насилство.

„Министерството за внатрешни работи, во целиот процес на реформи и развој, акцентот го става на развивање на дигитални алатки за учење, но и дигитализација на работните процеси со што ќе се овозможи брзина, ефикасност и намалување на можности за грешки во работата.“, ја нагласи министерот посветеноста кон олеснување на процесите со нивна дигитализација.

Тошковски на крај подвлече дека едуцирани, компетентни и мотивирани полициски службеници се еден од предусловите за полиција која ќе биде сервис, поддршка и заштита за граѓаните.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа38 минути

Украинската војска добива повеќе пари за борбата против рускиот напад

Украинската војска добива повеќе пари за борбата против рускиот напад според новиот закон потпишан од претседателот Володимир Зеленски, кој претходно...

Македонија42 минути

Уште два дена сонце, од вторник дожд и грмежи

Следните два дена времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во вторник и...

Македонија2 часа

Со нова мобилна апликација МВР ќе се бори против семејното насилство

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски се обрати на промоција на мобилната апликација „Џастис РБН за родово базирано насилство“, која...

Македонија3 часа

Објавени конкурсите за стипендии за студии од втор и трет циклус на високообразовните установи

Министерството за образование и наука (МОН) ги објави конкурсите за стипендии за студии од втор и трет циклус на високообразовните...

Македонија4 часа

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова од денеска престојува во САД

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова од денеска престојува во Соединетите Американски Држави, каде ја предводи македонската државна делегација на 79. Генерално...

Македонија24 часа

(Видео) Мицкоски за барањето на Ковачев ВМРО-ДПМНЕ да се исклучи од ЕНП: Тоа би била добра првоаприлска шега

Премиерот Христијан Мицкоски денеска од Штип го искоментира барањето на европратеникот од ГЕРБ, Андреј Ковачев да се исклучи партијата ВМРО-ДПМНЕ...

Македонија1 ден

Кузеска: Инцидентот со знамето е грешка на протоколот на Сиљановска, заострувањето на односите на е во интерес ниту на Софија

Влошувањето на односите со соседите ја става под знак прашање европската перспектива и оди на директно на штета на националните...

Македонија1 ден

(Видео) Петрушевски: Љупчо дон Николовски плаќал и по 500 евра за хотел од вечер, додека земјоделците чекале да ги подобри работите

„Љупчо Дон Николовски наместо за земјоделците се борел за себе. Наместо да планира како да ги подобри условите во земјоделието,...

Македонија1 ден

Адвокатот на таткото на Вања: Обвинението се темели на доказите што ги прибавил Александар, тој е жртва

Адвокатот на таткото на Вања, Владимир Туфегџиќ, рече дека, денеска, во воведните говори на Јавното обвинителство не слушнале која е...

Македонија1 ден

Одлуката на Уставниот суд за балансерот е избрзана, не ни требаат тензични состојби, оценува Таравари

Според министерот за здравствo Арбен Таравари, одлуката на Уставниот суд за „балансерот“ е избрзана. „Уставниот суд, за жал, се судии...

Македонија1 ден

Ковачев: Ќе бараме ВМРО-ДПМНЕ да ја исклучат од Европската народна партија

Ја информиравме Европската народна партија за однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ и ќе побараме да се иницира процедура за исклучување на таа...

Топ1 ден

Ограбена аптека во Ново Лисиче, разбојникот уапсен веднаш по грабежот

Вчера, во 21.55 часот на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го...

Македонија1 ден

Почнува судењето за двојното убиство на Вања и Панче

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска почнува судењето за двојното убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски. Судечкиот...

Свет1 ден

(Видео) Напад со нож во Ротердам: има мртви, напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

Најмалку едно лице загина, а две се тешко ранети во напад со нож што се случи синоќа во Ротердам. Како...

Свет1 ден

Водостојот на Дунав расте: во Будимпешта би можело да го достигне својот врв за време на викендот

Дунав, чијшто водостој моментално е над осум метри, би можел да го достигне својот врв во Будимпешта за време на...

Свет1 ден

Подморницата „Титан“ се расипа само неколку дена пред фаталното нуркање

Подморницата која имплодираше при фаталното нуркање до потонатиот брод Титаник, при што загинаа сите петмина на бродот, се расипа неколку...

Свет1 ден

Нова студија ја потврди теоријата дека коронавирусот почна од кинески пазар

Нова студија за потеклото на Ковид понуди дополнителни докази за поддршка на теоријата дека вирусот првпат бил пренесен на луѓето...

Европа1 ден

Русија: Ќе ги браниме нашите интереси на Арктикот и во воена смисла

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју објавено денеска вети дека Москва ќе ги брани своите интереси на...

Свет1 ден

„Компонентите од пејџерите користени во експлозиите во Либан не се од Тајван“

Компонентите користени во илјадници пејџери детонирани во Либан во вторникот не се направени во Тајван, рече тајванскиот министер за економија...

Македонија2 дена

Очигледно раководството на Северна Македонија не сака да продолжи по патот на европската интеграција па ја обвинува Бугарија, вели Ковачев

Во Република Северна Македонија немаат желба за европска интеграција и бараат изговор зошто тоа не може да се случи. Вака...