Македонија
Облачно и студено со врнежи од снег

Облачно и студено со врнежи претежно од снег. Врнежите наместа ќе бидат пообилни, особено во западните делови. На планините ќе се формира значителна снежна покривка (над 30 см), а во пониските места од 3 до 10 см. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено долж Повардарието и температурите значително ќе опаднат, а ќе има и појава на голомразица. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 5, а максималната ќе достигне од 1 до 8 степени.
Во Скопје облачно и студено со врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне 3 степени.
Локални врнежи од снег ќе има и во недела претпладне. Од понеделник времето ќе биде стабилно со појава на магла по котлините и со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни и наместа ќе се спуштаат и под -15 степени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Животот на Теодора згасна, а казната изгледа како подбив, наместо вистинска правда, добивме минимализирање на трагедијата која нè скрши, вели семејството Ристовски

Семејството на починатата Теодора Ристовска преку писмено сооопштение извеси дека Апелациониот суд во Гостивар ја потврди пресудата на Основниот суд во Тетово за двегодишната затворска казна за Менсур Пајазити.
Обраќањето го пренесуваме во целост.
„Ние, семејството на Теодора Ристовска, со длабока болка и бес ја известуваме јавноста: Апелациониот суд во Гостивар ја потврди пресудата на Основниот суд во Тетово, со која обвинетиот Менсур Пајазити од с. Голема Речица е прогласен за виновен и осуден на само ДВЕ ГОДИНИ ЗАТВОР за кривичното дело што го одзеде животот на нашата ќерка и сестра.
Оваа пресуда е срам за правдата. Животот на Теодора згасна, а казната изгледа како подбив. Наместо вистинска правда, добивме минимализирање на трагедијата која нè скрши.
Обвинетиот во жалбата се повикува на интересот на јавноста и на владејачката партија како фактор за “превисоката” казна, но тој интерес е многу природен — затоа што кога млад живот е згаснат, секој е потресен. Ако судството не беше труло и корумпирано, никому немаше да му пречи овој интерес. Наместо правда што ќе донесе мир, добиваме систем кој со својата блага и селективна казна создава уште поголема недоверба и омраза.
Ние не бараме привилегии. Бараме човечност и фер однос — она што му припаѓа на секој граѓанин. Кога казната е непропорционална со загубата, виновен станува не само сторителот, туку и самиот систем.
Го гледаме осудениот како слободно се движи, дури повторно седнува зад воланот, без видливо чувство на вина. За нас, тоа е брутална навреда за сеќавањето на Теодора и за секој кој знае што значи да изгубиш дете, сестра или најблиска личност.
И покрај тоа што понатамошниот правен пат до Врховниот суд зависи од Јавното обвинителство, ние нема да молчиме. Ќе продолжиме да бараме одговорност и да сведочиме пред јавноста дека оваа неправда не смее да остане без последици.
Трагедијата на Теодора ќе остане наша вечна болка. Но срамот на оваа пресуда му припаѓа на правосудниот систем. Кога убиецот шета слободен, целата нација е жртва.
Правдата мора да биде видлива, опиплива и вистинска. Животот на Теодора не е бројка во досие — тоа е нашата вечна рана.
И нема да престанеме да бараме правда, за да покажеме дека жртвите не се оставени сами.
Со почит и болка, Семејството на Теодора Ристовска“.
Теодора Ристовска беше смртно прегазена во август 2022 година. На првото судење во ноември 2023 година, по признавањето вина, Пајазити беше осуден на три години и шест месеци затвор. По жалбата, Апелацискиот суд ја намали казната на две години затвор, па Врховниот суд ги укина двете пресуди на Основниот и на Апелацискиот суд и предметот го врати на повторно судење.
Последната пресуда за Пајазити е 2 години затвор, на што јавноста жестоко реагираше, а Судскиот совет побара увид во пресудата и ја оправда.
Македонија
„Судството со скандалозната условна казна за докторката од Онкологија покажа дека му служи на друштвото на Заев, Филипче и уште неколкумина од СДС“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Судството и обвинителството од ден на ден покажуваат само едно, дека работат исклучиво под диктат. И тоа под диктат на СДС и ДУИ. Правосудниот систем никако не е располжен да донесе пресуда во корист на обичните граѓани“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„За ова говори и последната судска одлука, онаа за докторката Мери Пешевска од Клиниката за онкологија и радиотерапија која е најблаго кажано скандалозна.
Зошто? Многу е јасно. За Пешевска заедно со уште неколкумина од Клиниката за онкологија имаше обвинение за, внимавајте, несовесно лекување пациенти. За делото за кое се товари Пешевска предвидена е казна затвор до три години. Пешевска, на рочиште пред Судот минатата недела рече дека за седумтемина пациенти за кои е обвинета не е сигурна дека таа ја продолжувала терапијата?! Внимавајте, докторката не е сигурна дека ја продолжила терапијата, бидејќи како што самата посочи, нејзиниот печат во тој период стоел на шалтер и тоа го направила со цел побрзо да ја земат терапијата и да не чекаат пациентите.
Пешевска сакала демек пациентите да не чекаат, си го оставила печатот, а за последиците очигледно не размислувала ниту таа, а се покажува и дека Судот не е баш заинтересиран за судбината на пациентите.
Пешевска призна вина, а Судот со леснотија и изрече условна казна две година. Во превод тоа значи таа само не треба да стори друго кривично дело во период од две години, односно слободна е.
Докторката само призна вина, а Судот со леснотија речиси ја ослободи?!
Скандалозната одлука на надлежниот Суд говори за неправедна, произволна или заснована на надворешни влијанија одлука, влијанија евидентни подолг период. Или Судот не постапува на основа на закон и факти.
Судството со ова покажува дека е само маша на Венко Филипче и СДС.
Ова судство само ја поткопува јавната доверба во правосудниот систем и претставува сериозно кршење на принципите на правдата, еднаквоста и владеењето на правото.
Судството, воедно и обвинителството мора да се издигнат и да покажат дека постојат да им служат на граѓаните спроведувајќи закони, а не да служат на другарите на Зоран Заев, сега олицетворени во Филипче и уште неколкумина од раководството“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: По Апасиев, Мециновиќ и Мојсоска, дали и Крмов бил сметководител на партијата Левица?

„Паднаа маските на Левица позади кои грчевито се обидуваа да се претстават кај народот како скромни и неподмитливи, додека од сметката на партијата испумпувале парични средства по разни основи и завршиле на личните трансакциски сметки кај тесното раководство“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„По Апасиев кој над 700 илјади денари ставил во сопствениот џеб од парите на партијата Левица, пари кои ги добива од граѓаните преку Буџетот на државата и Мојсоска која иако е пратеник само годинава од партијата инкасирала 3 пати по 54 000 денари.
Борислав Крмов пратеник кој се претставува како скромен и борец за правдата од една страна на собраниската говорница урла против патни трошоци а од другата испумпува парични средства од партијата Левица во сопствениот џеб.
Крмов, над 270 илјади денари од Левица пикнал во својот џеб. Дали сега и Крмов ќе тврди дека е сметководител во Левица? Дали тој знае дека таквата улога е противзаконска?
Паднаа маските на Левица, за Апасиев, Крмов, Мојсоска и Мециновиќ кои глумат лажна скромност. Левица додека ги напаѓаат пратениците за законски додатоци во исто време меѓусебно си делат партиски пари.
Левица се фатени на дело. Народот гледа и нема да дозволи да биде измалнипулиран од оние кои на говорница урлаат за чеснот а позади неа ги полнат сопствените џебови“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.