Македонија
Облачно, со магла и врнежи од дожд и снег
Времето изутринава е облачно, во Полошко и Струмичко со магла, а магливо е и во делови од Скопската Котлина. На делот од Светиниколско преку Штип до Демир Капија дува умерен југоисточен ветер. Врнежи од дожд имаше преку ноќта во Охрид, а утринава врне во Претор.
Во текот на денот ќе биде облачно и не многу студено, а првите врнежи ќе почнат претпладне од југозапад и ќе бидат почесто од снег. Потоа врнежите ќе се прошират во поголемиот дел од земјата, но ќе бидат повеќе од дожд, а само на планините ќе бидат од снег. Врнежите ќе се поинтензивни на југоисток и исток, а ќе продолжат и преку ноќта. Ќе дува југоисточен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9 степени.
Во Скопје, претежно облачно со слаба магла наутро, а од попладне со повремени врнежи од дожд поинтензивни и преку ноќта. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.
Во следните денови поради циклонска активност со центар во јужните делови на Европа ќе има повремени врнежи од дожд и снег на пониските места, а само од снег на планините. Повремено врнежите ќе бидат пообилни, особено утре попладне и во текот на ноќта (на југоисток над 25л/м2), како и во ноќта кон петок и петок кога врнежите ќе бидат претежно од снег.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

