Македонија
Облачно со слаб ветер, температурата помеѓу -6 и 13 степени
Наутро по одделни котлини со појава на магла или ниска облачност. Преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје претпладне ќе има појава на магла и ниска облачност, а попладне сончево со мала до умерена облачност.
Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Продолжува периодот на стабилно време. Дневните температури ќе бидат во благ пораст. По одделни котлини ќе има појава на магла или ниска облачност, поради што ќе се задржи постудено.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Тошковски од Охрид: Имплементација на научните достигнувања овозможува подобро да се справуваме со предизвиците на безбедноста
Денеска министерот за внатрешни работи се обрати на 15. Меѓународна научна конференција на тема „Современи безбедносни предизвици и зајакнување на отпорноста на земјите од Југоисточна Европа“ која се одржува во Охрид 23-24 септември, во организација на Факултетот за безбедност – Скопје и фондацијата „Фридрих Еберт“. Тошковски ја упати својата благодарност до организаторот за можноста да се обрати пред реномираниот собир на експерти од областа на безбедносните науки и истакна дека конкретната тема посебно погледната од аспект на моменталните глобални трендови и случувања бара сериозно експертско анализирање со цел проекција на решенија кои имплементирани ќе ја гарантираат безбедноста и отпорноста на регионот.
„Унапредување на науката и академското истражување на степен на којшто заслужува е нужно не само за научната фела, туку и за практиката како таква. Ако сакаме да зборуваме за безбедно општество, борба против сите видови сериозен криминал, нужно е да ги дискутираме темите и на ова академско и експертско ниво со цел заклучоците и научните факти кои ќе произлезат од ваквите настани, да ги имплементираме во институциите со што ќе го зголемиме нивното ниво за да се борат со сите предизвици како што се организираниот криминал, сајбер криминалот и високата корупција. Научната мисла мора да го даде својот придонес во секој од овие пилари во кои институциите како МВР ќе треба да се развиваат во иднина.“, потенцираше Тошковски.
На крајот на своето обраќање Тошковски нагласи дека со имплементирање на научната мисла и достигнувања создадени на вакви конференции и форуми овозможува подобро да се подготвиме за сите предизвици кои не очекуваат во иднината и кои се клучни за безбедноста на државата, регионот и пошироко.
Македонија
Средба Муцунски – Гераптеритис во Њујорк: почитувањето на меѓународното јавно право е од суштинско значење за обезбедување на иднина заснована на заеднички просперитет
На маргините на Генералното собрание на ОН, денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со министерот за надворешни работи на Република Грција, Јоргос Герапетритис.
Оваа средба претставува важен чекор напред во зајакнувањето на регионалната соработка и значајно унапредување на дипломатските односи. Во текот на конструктивната дискусија посебно внимание беше посветено на можностите за развој на трговијата, инфраструктурата и инвестициите во енергија, како клучни области, каде постојат реални можности за проширување на соработката.
Почитувањето на меѓународното јавно право е од суштинско значење за обезбедување на иднина заснована на заеднички просперитет и одржлив мир. Заемната посветеност на овие принципи е основа за успешна реализација на идни корисни иницијативи и проекти, нагласуваат од МНР.
Македонија
Во организација на Архитектонскиот факултет при УКИМ ќе се одржи меѓународна научна конференција „Градска Улица 6“
Во организација на Архитектонскиот Факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје – во среда на 25 септември 2024 година со почеток во 9 часот ќе се одржи 6 – та Меѓународна научна конференција – „Градска Улица 6“ и ќе трае до петок – 27 септември 2024 година.
Научната конференција свечано ќе ја отвори Деканот на Архитектонскиот Факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а на неа ќе земат учество повеќе од 50 предавачи, истражувачи, архитекти, урбанисти и професори. На конференцијата како главни поканети говорници ќе настапат реномирани професори од Универзитетот во Харвард, САД, Техничкиот универзитет во Делфт, Холандија, Лунд Универзитетот во Шведска, како и претставници од индустријата од Милано, Италија.
Конференцијата има за цел да ја нагласи улогата на архитектурата во создавање на дополнителни вредности, значења и квалитети на улицата како урбан и социјален феномен, засновани на потребите на заедницата кои ја надминуваат материјалната и комуналната инфраструктура, а се повеќе се однесуваат на социјалните, економските, општествените и идентитетските прашања и процеси. Конференцијата вклучува истражувачи, професори, архитекти, урбанисти, планери, уметници и креатори на политики кои ќе ги споделат своите знаења и искуства во правење на поинклузивни градски улици, но одржливи и убави.
Конференцијата ќе се одвива со програма во четири панели со четири конференциски нагласоци со различни теми од областа на архитектурата:
1. Улиците како инфраструктура на соживот;
2. Патоказ – како правилно треба да се направи улица;
3. Дизајнирање на улици за ефективно реагирање во итни случаи;
4. Улиците како место за јавно дејствување.
На секој панел од Конференцијата, еминентни архитекти, урбанисти, истражувачи и професори од повеќе научни области, како и гости од земјата и странство, ќе дебатираат на различни теми со цел создавање на подобра иднина за градовите и заедниците низ целиот свет.
Во рамки на Конференцијата ќе биде отворена и изложба на фотографии од конкурсот насловен „Убавината е на улиците“ во среда 25-ти септември, 2024 година, во галеријата на Архитектонскиот факултет, УКИМ во Скопје со почеток во 18.00 часот.