Македонија
Обука на наставници од ООУ „Лазо Aнгеловски“ за дигитални технологии
Наставници од ОУ „Лазо Ангеловски“ неодамна посетија обука за развивање на ИКТ компетенции во рамки на проектот Еразмус+ КА 101, што се одржа во Севилја, Шпанија.
Целите на обуката, насловена „Создавање на иновативна иднина“, беа развивање на дигиталните вештини на наставниците употребувајќи иновативни педагошки пристапи, кои ќе резултираат со развивање на технолошки збогатени средини за учење во кои учениците ќе бидат активни учесници во образовниот процес.
Исто така, наставниците кои ја посетија обуката учеа и за прилагодување и персонализирање на активностите за учење, со цел да се усогласат со различните стилови на учење на учениците, нивните работни стратегии и способности со користење на дигиталните алатки и ресурси.
Во следниот период учесниците во обуката ќе одржат интерни обуки на останатите наставници во училиштето (работилници, отворени часови, менторство на наставници и сл.), како и дисеминација на локално и национално ниво преку организирање обуки за наставници од училишта од Општина Аеродром и пошироко.
Обуката беше реализирана од страна на интернационалениот тренинг провајдер IDevelop, стручен во професионален развој на наставници преку промовирање, поддршка и овозможување на тренинг активности во согласност со Еразмус+ принципите./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на ГП „Богородица“ е нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ (ГП Евзони) од 21 часот е нормализиран, информира АМСМ.
Поради блокада на границата за влез и за излез во текот на целиот ден, колони возила чекаа на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.
Македонија
Алијанса за Албанците на 27 декември ќе одржи собрание за реогранизација на партијата
На последниот состанок на Претседателството на Алијансата за Албанците, каде што се дискутираше за политичките случувања во земјата и понатамошните чекори кон структурирање на органите, членовите на Претседателството едногласно гласаа за одлуката за свикување на партиското Собрание, соопштија од партијата.
Според најавата, Собранието ќе се одржи на 27 декември и ќе се дискутира за реорганизација на структурите и органите на партијата, партиските политики и важните стратешки документи.
„Алијансата за Албанците продолжува да останува во одбрана на националната кауза, гласот на артикулирање на уставните и законските права на Албанците и зачувување на евроатлантската ориентација на земјата како единствен пат за перспективата на граѓаните“, пишува во соопштението.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.

