Македонија
Објавен повик за хотели кои сакаат да ги отстапат своите простории за карантин
Владата објави јавен повик за сите хотели во државава кои имаат повеќе од 50 легла и кои доброволно сакаат да ги отстапат своите капацитети за формирање државни карантини за населението со цел справување со коронавирусот.
Се наведува дека максималниот надомест кој државата може да го обезбеди за хотелите изнесува до 10 евра по легло, од ден.
Хотелите кои ќе ги стават своите капацитети на располагање треба да обезбедат три оброци дневно за секој граѓанин којшто ќе користи легло, како и одржување на хигиената во хотелот.
Сите заинтересирани хотели потребно е да се пријават најдоцна до 23 март, до 14 часот, преку испраќање писмо за намери на мејлот: [email protected].
На вчерашната седница владата исто така донесе Уредба со законска сила за прекин на сите дејствија поврзани со изборите и за сите прашања поврзани со изборниот процес.
Одлуката е донесена по вонредната состојба прогласена за ефикасно спречување на ширењето на коронавирусот, а ДИК се задолжува да ја обезбеди и чува постојната изборна документација до продолжување на спроведувањето на изборните дејствија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)

