Македонија
Објавен тендер за изработка на 3Д виртуелна прошетка низ културно-историското наследство во Битола
Прошетка низ Стариот театар и дел од значајните градби од Старата чаршија, треба да овозможи новата 3Д виртуелна презентација и интерактивна веб апликација за истражување на културно историските споменици во Битола, за што денес е објавена покана за достава на понуди, како дел од проектот Кинокултура. Во рамките на оваа тендерска постапка предвидена е и изработка на Дигитална мапа, што е од особена важност за промоција на културно – историското наследство.
Целата тендерска документација и детално објаснување на очекуваниот изглед на овој атрактивен туристички производ може да се види од описот во документацијата, објавена на веб страната на Општина Битола на следниот ЛИНК.
Проектот Кинокултура се реализира со финансиска поддршка од ИНТЕРЕГ ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Грција и Република Северна Македонија 2014-2020.
Како дел од овој проект во кој одобрениот буџет за Општина Битола е 197 530 евра, веќе е склучен договор за набавка на кино опрема, која се очекува да биде инсталирана во период од два месеци. Истата ќе се користи за кино проекции во Киното Манаки.
Во рамките на истиот проект, во тек се и три постапки за јавни набавки: постапка за изработка на промотивни материјали која завршува денес, како и постапка за изработка на краток документарен филм, и изработка на студија за валоризација на културно историското наследство во Битола.
Реализацијата на овие активности, предвидени во буџетот на проектот, ќе овозможат креирање на приказна, преку која ќе се промовира значајното културно историско наследство кое има голема вредност за овој град.
Проектот „Кинокултура“, ќе ја обезбеди и потребната опрема и промотивниот материјал за туристичкиот информативен центар, кој е дел од програмата за туризам на Општина Битола, преку кој културно – историското наследство и туристичката понуда на Битола, ќе се промовира во светски рамки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ноќеска повремени врнежи дожд насекаде
Управата за хидрометеорологија извести дека кон крајот на денот во крајните западни региони ќе има повремени врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се прошират насекаде. На повисоките планини на северозапад врнежите ќе бидат од снег. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.
Македонија
(Видео) Полицијата заплени 40 тони дрога: откриена неусоглесеност на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат
Министерството за внатрешни работи извести дека во тек е опсежна акција, во рамки на која е запленета голема количина на марихуана. Во правно лице во Скопје пронајдени се и одземени околу девет тони марихуана и над 1300 шишиња произведено масло од канабис (полупроизвод). Од правни лица пак од источниот регион, одземени се над 31 тон марихуана и биомаса.
Во координација со Царинската управа и надлежната Комисија за контрола на овој вид на дејност од Министерство за здравство извршени се контроли во повеќе правни лица чија основна дејност е одгледување зачински, ароматични и лековити растенија и растенија со употреба во фармацијата, а во координација со јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, се преземаат мерки и активности заради утврдување на фактите дали неодамна запленетата марихуана во Р.Србија потекнува од нашата држава.
„Со оглед на тоа дека едно од осомничените и приведени лица во Р.Србија е дел од сопственичката структура во правното лице од Скопје, извршени се детални проверки и контроли на количината која е затечена во правното лице и целосната документација која што е пронајдена во просториите на правното лице. Врз основа на пронајдената документација од страна на Комисијата од Министерството за здравство сочинет е записник, во кој се констатирани низа неправилности при работењето и голема неусогласеност во однос на количините кои правното лице ги поседува, произведува, набавува и отуѓува. Со оглед на констатираните неправилности и по доставено известување од надлежен Јавен обвинител, од просториите на правното лице е подигната целосната количина на пронајдена марихуана“, известија од МВР.
Полицијата извршила проверки во неколку правни лица во источниот регион каде исто така од надлежната комисија се утврдени неправилности и неусогласеност во однос на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат, по што е одземена затекнатата количина.
Министерството за внатрешни работи во координација со ОЈО ГОКК, каде е формиран посебен тим за овој и слични предмети, продолжува и во наредниот период со преземање на мерки и активности за целосно расчистување на овие случаи.
МВР по завршување на акцијата и по целосно расчистување на случаите детално ќе ја информира јавноста.
Македонија
Петнаесетгодишник претепан пред обложувачница во Скопје
Осумнаесетгодишник ноќеска претепал петнаесетгодишник пред обложувачница во Скопје, а настанот го пријавиле лекарите од Клинички центар.
„Утрово во 06:31 часот во Полициската станица Кисела Вода од Ургентен центар при комплекс клиники ’Мајка Тереза’ во
Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен 15-годишник од Скопје, кој претходно, според пријавеното околу 00:30 часот во обложувачница во Скопје бил физички нападнат од Л.В.(18)“, извести МВР.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

