Македонија
Објавен јавен оглас за прием на 300 нови професионални војници во Армијата
Министерството за одбрана го објави новиот јавен оглас за прием на 300 професионални војници во служба на Армијата на Република Северна Македонија.
Рокот за пријавување е 7 дена вклучувајќи го и денот на објава на јавниот оглас. Младите лица што се заинтересирани да се пријават треба да ги исполнат следните услови: да се државјани на Република Северна Македонија, да се полнолетни, да имаат завршено средно образование, да имаат посебна здравствена и физичка способност и да не се постари од 25 години на денот на завршувањето на огласот за прием на професионални војници.
Платата на професионалните војници ќе изнесува над 31.000,00 денари, со дополнителни над 10.000,00 денари за станбено обезбедување.
Во постапката за избор, проверката на физичката и здравствената способност на кандидатите за професионални војници на служба во Армијата ќе биде извршена од страна на посебни комисии формирани од министерката за одбрана.
Кандидатите што претходно се пријавиле на јавниот оглас за прием на професионални војници и успешно ги поминале сите фази во постапката, а не биле примени на служба во Армијата, доколку од последните проверки, односно прегледи на кандидатите не поминале повеќе од девет месеци, не подлежат на проверка за физичка подготвеност и на здравствени прегледи.
Сите детали, вклучувајќи го и начинот на пријавување можат да се најдат на веб-страницата на Министерството, односно на следниот линк: https://mod.gov.mk/javen-oglas-300-pfv/ .
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Герасимовски: Воведуваме „Центарска картичка“ со попусти за културни, спортски настани, локали и продавници
Кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска најави дека се воведува „Центарска картичка“ со попусти за културни и спортски настани, локали и продавници.
„Секој центарец добива еднаш годишно бесплатна карта за театарска претстава, а за секоја следна купена карта добива 20% попуст. Со картичката, овоможуваме и 20% попуст за натпреварите на нашиот најтрофеен клуб „Работнички“, како и попусти за влез на базен. На нашите центарци, на децата и возрасните им овозможуваме подобри услови и поволности“, рече Герасимовски.
Македонија
Почина Агим Јонуз
Политичкиот анлитичар, Агим Јонуз, почина во Скопје на 63 години по боледување.
Јонуз беше активен во политичкиот живот во Македонија не само како аналитичар и колумнист, туку и како поранешен советник и портпарол на поранешниот претседател на Собранието, Лупчо Јордановски и на поранешниот премиер Бучковски.
Во 2021 година Јонуз беше носител на листа на советници за Град Скопје предложен од „Твоја Партија“.
Јавноста го познаваше како чест гостин во политичките дебатни емисии на телевизиите.
Погребот на Агим Јонуз ќе се одржи утре, 26 октомври 2025 година, на гробиштата во Бутел.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ веќе има 35 градоначалници, рече Мицкоски по повлекувањето на опонентите од Могила и Македонски Брод, очекува 59
Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од денешниот митинг во Неготино изрази увереност дека кандидатката од ВМРО-ДПМНЕ која има предност пред нејзиниот опонент од СДСМ, ќе биде следниот градоначалник на општината.
Мицкоски нагласи дека граѓаните јасно ја изразиле својата волја и доверба кон ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, која во првиот круг освоила 33 градоначалници, наспроти тројца од СДСМ, а во вториот круг влегла во 26 општини.
„Веќе во две општини противниците на нашите кандидати се откажаа – Македонски Брод и Могила – така што во овој момент коалицијата има 35 градоначалници и уште во 24 општини е во втор круг. Тоа се 59 потенцијални градоначалници“, рече Мицкоски, додавајќи дека тоа ќе биде историски најголем триумф на македонската политичка сцена.
Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен победник на овие избори, имајќи мнозинство и во 58 општински совети, а го истакна и водството на кандидатот за градоначалник на Град Скопје, со предност од над три спрема еден во однос на противкандидатот.
Мицкоски ги повика граѓаните масовно да излезат на гласање на 2 ноември и да го заокружат бројот 9, за, како што рече, да се потврди „најголемата победа во историјата на Македонија“.

