Македонија
Оваа сабота е работна за сите институции што не работеа на 7 мај

На последната седница Владата донесе одлука на 8 јуни (сабота) да се одработи 7 мај, ден што беше прогласен за неработен поради посетата на папата Франциско.
Тоа значи дека 8 јуни е работен ден за сите вработени во државната и јавната администрација на територијата на град Скопје, за вработените и за учениците во основните и во средните училишта на територијата на град Скопје, кои го немаат одработено овој ден во претходниот период, како и за детските градинки и здравствените установи на територијата на град Скопје, кои од Министерството за труд и социјална политика и од Министерството за здравство ќе добијат планови за работењето во овие дејности.
Исто така, Владата препорачува одлуката за одработување на 7 мај на 8 јуни да ја спроведат и општините во градот Скопје и Градот Скопје.
Истовремено, доколку претходната препорака на Владата за 7 мај да биде неработен ден била спроведена од страна на приватниот сектор, сега Владата на приватниот сектор му препорачува тој ден да се одработи в сабота.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Прекинато водоснабдување во дел од Општина Карпош

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на шибер од ф – 80 мм на ул. Руѓер Бошковиќ бр. 15, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците лоцирани на потегот од бул. Осми Септември до раскрсница со ул. Никола Тесла. (општина Карпош).
Македонија
Мицкоски ќе се сретне со Орбан во Будимпешта

Премиерот Христијан Мицкоски в петок ќе присуствува на CPAC конференција во Будимпешта, Република Унгарија, соопшти владината прес-служба.
Мицкоски во рамки на посетата ќе се сретне со унгарскиот премиер, Виктор Орбан.
Македонија
Сојузниците од НАТО треба да трошат по 5 отсто од БДП за одбраната, му рекол Рубио на Муцунски

Државниот секретар на САД, Марко Рубио на средбата со шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски, нагласил дека е неопходно сојузниците во НАТО да дадат поддршка и да постигнат 5 отсто издвојување за одбраната, соопшти Стејт Департментот во соопштение по средбата.
Двајцата ја потврдиле силната врска меѓу Соединетите Американски Држави и Северна Македонија и ги истакнале заедничките интереси во однос на регионалната стабилност, економската соработка и НАТО.
Тие разговарале и за можностите за проширување на економската соработка, вклучувајќи ја трговијата и инвестициите.
Муцунски по средбата соопшти дека е потврдено стратешкото партнерство со САД, а нашата држава продолжува да дава активен придонес како кредибилен сојузник, со инвестиции повеќе од 2 отсто од БДП во одбранбениот сектор.