Македонија
Овој викенд почнува новогодишниот базар во „Скопје сити мол“
Конечно, дојде месецот во кој сѐ што сакаме е забава, подароци, убави мигови со саканите и спомени што засекогаш ќе ги чуваме. Дојде декември и го означи почетокот на празниците!
Празничните базари ги привлекуваат своите посетители со интересни содржини и весела празнична атмосфера, а оваа година во Скопје се случува една нова приказна. Со почеток во сабота, на 4 декември, ќе блесне новата, голема елка во Skopje City Mall, што ќе го означи почетокот на нашиот празничен, новогодишен базар. По овој повод Ве покануваме сите на официјално отворање на Новогодишниот базар, оваа сабота од 19:00 часот и свечено палење на новогодишната елка.
Истата вечер од 20:00 часот настап ќе има нашата прекрасна Тамара Тодевска, која ќе создаде вистинска празнична атмосфера. Со тоа, вистински ќе зачекориме во декември, месец на големиот Новогодишен базар во Skopje City Mall, месецот на убаво расположение, добра музика, вкусна храна, греано вино, моменти на смеа и забава, празнично дарување и создавање сеќавања. Следниот ден, во недела, продолжуваме со забава, преку ден со детска програма како и со вечерна програма со Саут Парк од 18:00 часот.
17:00 DJ Skopje City Mall
19:00 Официјално отворање на базарот
19:15 Музичкиот перформанс “Писмото од Дедо Мраз”; танцов перфоманс и хорска изведба
20:00 Свечено палење на елка
20:15 Тамара Тодевска концерт
Секој ден, од 4 до 31 декември 2021 г., посетителите на Новогодишниот базар во и пред Skopje City Mall, ќе уживаат во различни музички, книжевни, забавни, гастрономски и куп други содржини и изненадувања, кои ќе ги задоволат барањата и вкусовите на сите посетители, од најмали до најголеми од 7 до 77 години.
МУЗИЧКА ПРОГРАМА
Од Тамара и Нокаут до Band Off, од Дац и Митевски до Дарио, од Лозано до Саут Парк и Џанкјард, Камерен орекстари и уште многу други, очекувајте ги најголемите, најпрогресивните и најзабавните музички имиња од македонската сцена на Новогодишниот базар во Skopje City Mall
· Понеделник – Електро музика
· Вторник – Хип-хоп ден
· Среда – Cover бендови
· Четврток – Камерен оркестар на Битола ( Рок Симфони; Поп Симфони; James Bond; Електро Симфони )
· Петок – Настапи на македонски музички ѕвезди
· Сабота – Комерцијална вечер
· Недела – Урбани cover бендови
* музичката програма почнува од 20:00 часот (освен недела од 18:00 часот)
** секој ден од 17:00 – 20:00 часот резидент диџеј
ДЕТСКА ПРОГРАМА
Секоја Среда од 08.12.21
19:00 Читање новогодишни приказни / II кат Skopje City Mall
Секоја Сабота од 11.12.21
11:30 Новогодишна претстава / Cineplexx (со претходно подигнување на карти на инфо пулт, од петок до недела)
13:00 театарска претстава / Новогодишен базар пред Skopje City Mall
18:00 Читање новогодишни приказни / II кат Skopje City Mall
Секоја Недела од 05.12.21
11:30 Новогодишна претстава / Cineplexx (со претходно подигнување на карти на инфо пулт, од петок до недела)
13:00 Златно славејче / Новогодишен базар пред Skopje City Mall
14:00 Театарска претстава / Новогодишен базар пред Skopje City Mall
18:00 Читање новогодишни приказни / II кат Skopje City Mall (Од 12.12.21)
Овие празници, не плашете се да сонувате, бидејќи желбите навистина се остваруваат! Дојдете на Новогодишниот базар во Skopje City Mall и заедно, пред најубавата елка во Скопје, да посакаме Новата 2022 година да биде посреќна, повесела и поубава.
Се гледаме во Skopje City Mall!
(ПР-текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Донесени пресуди за случајот „Премин“, обвинителството најави жалба
Денеска, во Основниот кривичен суд Скопје, беше објавена неправосилна пресуда во предметот со кодно име „Премин“, застапуван од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Обвинителството за гонење на организиран и корупција. Во предметот беа опфатени повеќе царински службеници од Царинските испостави Ново Село и Дојран. Со пресудата, дванаесет обвинети лица се огласени за виновни за сторени кривични дела Примање поткуп и Злоупотреба на службената положба и овластување.
Четворица обвинети се осудени на ефективни казни затвор во траење од една година и шест месеци до три години, додека на останатите осум лица им се изречени условни осуди.
Четворица обвинети на почетокот на главната расправа го признаа делото и тогаш судот ги осуди на ефективни казни затвор во траење од 2 години до 2 години и 8 месеци.
Воедно, на 14 лица во предметот осудени за кривичното дело Примање поткуп судот им изрече и казна забрана за вршење на должност на службено лице, во времетраење од две до осум години, индивидуално определена за секој од нив.
Предлогот на обвинителството за одземање и конфискување на имотната корист прибавена со кривично дело беше делумно прифатен од страна на судот и паричните средства се вратени на еден од обвинетите.
Останатите привремено одземени парични средства пронајдени при извршените претреси се одземени и тоа 18.230 евра, 263.210,00 денари, 4860 швајцарски франци, 443 американски долари, 20 британски фунти, 200 украински гривни, 102 бугарски лева и 100 турски лири, како и 36 штеки цигари.
Обвинителството незадоволно од висината на казните и од висината на одземените парични средства најавува дека ќе го искористи правото на изјавување на правен лек по писмено добивање на пресудата.
Истражната постапка за овој случај беше отворена во октомври 2024 година кога беше спроведена полициска акција под кодно име „Премин“ поради основано сомнение дека обвинетите распоредени во Царинските испостави Ново Село и Дојран, во временскиот период од 21.03.2023 година до 15.10.2024 година, со умисла извршиле повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело.
Тие искористувајќи ист траен однос, исти прилики и слични околности, при вршење на царински прегледи на стоката што се увезувала во државата преку граничните премини, од превозниците на стоката директно барале и примале парични средства за себе во износи од по 20, 50, 70, 100 и 150 евра, за да не извршат службено дејствие што морале да го извршат.
Македонија
Поранешен градоначалник на Росоман исплатил личен долг од 500.000 денари од општинскиот буџет
Полицијата поднесе кривична пријава против С.Н.(29) од Росоман поради постоење основи за сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Според информациите на МВР, во периодот од август 2024 година до септември 2025 година, С.Н. во својство на градоначалник на општина Росоман, во два наврати ги пречекорил границите на службеното овластување и од Буџетот на општина Росоман противправно биле прибавени парични средства во вкупен износ од околу 500.000 денари, кои биле присилно наплатени од извршител за личен долг на С.Н..
Македонија
Гаши на работна средба во МАНУ
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, одржа работна средба во Македонската академија на науките и уметностите, со претседателот Живко Попов, како и со други претставници на Академијата.
„На средбата се разговараше за значењето на поактивното вклучување на Академијата во стратешките процеси на развој на државата, особено во креирањето политики и во обезбедувањето стручна поддршка при институционалното одлучување“, соопштија од Собранието.
Исто така, Гаши информирал за вчерашната одлука усвоена на седница, со која е овластен, како претседател на Собранието, да склучи поединечен колективен договор со претседателот на синдикалната организација на Академијата.
Тој изразил подготвеност за поддршка на сите иницијативи што ја зајакнуваат улогата на науката и уметноста во развојот на државата.

