Македонија
(Видео) Овој месец е многу важен за Македонија, порача Османи
Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, истакна дека овој месец е многу важен и дека ќе ја одреди иднината на државата.
„Нашите цели не се само затворање на политичките спорови, туку и суштински промени во државата. Ова е генерациска обврска што ја добивме од граѓаните од сите етнички заедници“, рече Османи на прес-конференцијата на која зборуваше за планот 18, кој денеска ќе биде презентиран пред невладините организации и опозицијата.
Османи рече дека планот 18 сè уште е во нацрт-верзија и на некој начин е продолжение на планот 3-6-9, кој заврши со препорака од Европската комисија. Планот 18, како што кажа Османи, ќе се однесува на реформи во правосудството, јавната администрација, безбедносните служби, спавување со нелегалните миграции и со економијата.
Османи додаде дека во планот 18 ќе бидат додадени сите препораки од европскиот извештај.
„Од планот 3-6-9 видовме дека Македонија има потенцијал, кој доколку се стави во рамка, може да се постигнат чуда. Ние успеавме во тоа – од земја што беше на работ на амбис, направивме земја со иднина. Реформите и интеграцијата ги разбираме како суштински промени кон европските стандарди“, рече Османи.
Виктор Јованов
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
651 прекршоци регистрирани вчера преку „Безбеден град“, од нив 585 за пребрзо возење
Во текот на вчерашниот ден преку системот „Безбеден град“ констатирани се вкупно 651 прекршоци, извести МВР.
„Од нив, за минување на црвено светло констатирани се вкупно 50 прекршоци, за возење со брзина поголема од дозволената констатирани се вкупно 585 прекршоци, а за нерегистрирани возила 16 прекршоци.
При тоа изречени се вкупно 58 забрани за управување на моторно возило“, соопшти МВР.
Од Министерството апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
Македонија
Електродистрибуција: Tешка кражба на електрична енергија од трафостаница, штета од 16 милиони денари
„Тимот за откривање на неовластено користење на електрична енергија побара спроведување на пребарување од МВР и вклучување на вешто лице, поради основи на сомневање за наводна кражба на електрична енергија во деловен објект на улица „Бутелска“ во Скопје“, известуваат од Електродистрибуција.
„Констатирано е: противправно користење на електрична енергија преку неовластено приклучување на три нисконапонски кабли во самата трафостаница во сопственост на Електродистрибуција. Деловен објект, поранешен млин, користен за неовластено снабдување на системи со графички картички за копање биткоини“.
Електродистрибуција информира дека е поднесена пријава за неовластено преземање на електрична енергија до МВР и дека е изготвена Фактура за надомест на штета во износ од 16 милиони денари.
Македонија
Ѓорѓиевски: Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси
Со одлука на Владата на Република Македонија, Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси, чекор што ќе го промени секојдневието на илјадници граѓани кои го користат јавниот превоз, извести градоначалникот Орце Ѓорѓиевски преку социјалните мрежи.
„Како што истакна премиерот Христијан Мицкоски, на Град Скопје ќе му бидат доделени 100 автобуси и 50 полначи. Тоа значи безбеден, навремен и достоинствен јавен превоз, но и силен удар во корист на заштита на здравата животна средина и чистиот воздух, наш приоритет што го должиме на нашите деца и идните генерации.
Оваа одлука е дел од стратешкиот договор влада со влада помеѓу нашата и владата на Унгарија, што овозможува набавка по исклучително поволни услови“, напиша градоначалникот.

