Македонија
Ограбена скопската Зоолошка градина

Скопската Зоолошка градина ноќеска била ограбена. Крадците влегле од службениот влез кај АБЦ и украле алат и други предмети.
Од ЗОО потврдија дека имале грабеж. Пријавиле во полиција и нивна екипа излегла на увид. Очекуваат со увидот да се утврди точната штета.
Зоолошката градина за време на празниците работеше со полно работно време.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Левица: 102 имота во имотниот лист на ДПМНЕ – која им е вредноста и од каде ви се толку пари?

ВМРО-ДПМНЕ во својот имотен лист има запишано неверојатни 102 имота распоредени на атрактивни локации низ цела држава, велат од политичката партија Левица.
„Кога ќе се погледнат добро 102-та имотни листа, во нив ќе се видат не само објекти, туку и шуми, ливади, пасишта, ниви!? Имајќи ја предвид нивната мегаломанска бела палата и сите овие 102 имота, ВМРО-ДПМНЕ е најбогатата политичка партија не само во Македонија, туку и во Европа!
Од Левица јавно прашуваме и бараме директен одговор од ДПМНЕ:
Колку е вредноста на сите овие 102 имота, запишани на 102 имотни листа и од каде ви се средствата со кои сте ги купиле?
На народот му должите одговори, а не замајување на јавноста со избегнување на одговорот и во вмровски стил – вртење на темата во друга насока.
На народот му должите одговори, бидејќи наспроти луксузот во белата палата на ДПМНЕ, се распаѓаат крововите на болниците. Наспроти вредноста на вашите над сто имота, вие како власт немате пари за лекови! Како власт не водите сметка да има пари за центар за изгореници! Не издвојувате пари за зголемување на минимална плата! Немате пари за противпожарни возила! Немате пари за наставниците, за персонал во градинките, за земјоделците, за стечајците, за работниците!
Ненаситно и бездушно сте насочени кон остварување на вашите капиталистички интереси, кон градење на суров капитал без око да ви трепне за основната егзистенција на народот!“, се вели во соопштението на Левица.
Македонија
Денес сончево време со температура до 28 степени

Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Попладне ќе има услови за краткотраен локален дожд и појава на ретки грмежи.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 10, а максималната ќе достигне од 21 до 28 степени.
Во Скопје, сончево и топло време со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 28 степени.
Македонија
Колони возила и утрово на граничниот премин со Грција

Големи колони има и утрово на граничниот премин со Грција, на излез од државата.
Од АМСМ велат дека времето на чекање на „Богородица“ е околу 30 минути. Зголемена фреквенција на возила, рано утринава имаше и на „Табановце“.
Гужвите наа грчката граница почнаа од вчера, со оглед на тоа што денешниот 1 Мај е неработен ден, а дел од граѓаните го поврзаа празникот се претстојниот викенд.