Македонија
Одбележани 75 години од формирањето на првата Македонска егејска бригада
Градоначалничката на општина Битола, Наташа Петровска, делегација од Советот на Општина Битола, претставници на Општинската организација на Сојузот на борците од Битола и претставници на Здружението на лицата што потекнуваат од Егејска Македонија, ја одбележаа 75-годишнината од формирањето на Првата народноослободителна ударна бригада од Егејска Македонија.
По тој повод, пред спомен-плочата кај Противпожарната единица положија свежо цвеќе.
„Живееме како Македонци во сопствена држава благодарение на сите влогови на нашите предци. Токму тука припаѓаат и оние што учествувале во оваа бригада и затоа сме овде, ја одбележуваме 75-годишнината од нејзиното формирање. Во оваа пригода сакам да им укажам слава и голема благодарност затоа што ние денес се наоѓаме овде благодарение на нив“, рече Наташа Петровска, градоначалник на општина Битола.
Пред присутните и новинарите се обрати и претседателот на Општинската организација на Сојузот на борците, Александар Трајковски, говорејќи за формирањето на Бригадата и нејзините активности во регионот во 1944 година, како и активностите во Западна Македонија во 1945 година. На 2 април 1945 година Бригадата била расформирана, а нејзиниот боречки состав распореден во други единици. Нешто подоцна повеќето од борците на Бригадата се вратиле во егејскиот дел на Македонија и ги создале првите одреди на Народноослободителниот фронт (НОФ), а подоцна станале борци во единиците на Демократската армија на Грција, каде што повторно покажале огромна пожртвуваност во борбата за националните и социјалните права и слободи.
Спомен-плочата на чешмата е поставена во 1984 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило делницата од автопат А1 Велес – Градско е затворена
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, во 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес – Градско е затворена и возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градсско – Дреново до локализирање и ликвидирање на пожарот, извести АМСМ.
Сообраќајот на магистралниот пат Прилеп – Градско се одвива наизменично.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја делови од Петровец, Чаир и Гази Баба
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од селата Градманци, Летевци, Катланово и Брезница, општина Петровец;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улицата Ордан Чопела, улицата Петре Георгиев и улицата Челопек, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улицата Вера Вучковска Жезељ во населба Хиподром, општина Гази Баба.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека исто така денеска поради уличен дефект на улицата Девол бр. 15, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улицата Девол, општина Карпош.

