Македонија
Одбележан Денот на албанскиот учител во Дебар
Денот на албанскиот учител, 7 Март, во Дебар е одбележан со многубројни активности. Патрониот празник во училиштето „Саид Најдени“ се одбележа со богата програма, а така беше и во другите дебарски училишта.
Во Галеријата на градскиот амам дебарскиот сликар Сабит Боцку имаше изложба на која беа изложени над 50 слики во кои доминираа ликови од наставниот кадар на Албанците, потоа дебарската архитектура, традицијата и убавините на поширокиот регион. Боцку, кој сега е пензионер, на отворањето нагласи дека речиси 200 дебарски наставници додоа голем придонес во образованието на Албанците во Полошкиот, Скопскиот и во регионот на Куманово.
Градоначалникот на Дебар, Ружди Лата, на прес-конференција истакна дека Дебар има посебно место во наставниот процес на Албанците во целина. Тој рече дека голем е бројот на албански наставници што имаат големи заслуги за албанската настава во целина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Првични резултати на ДИК: Орце Ѓорѓиевски освои 93.207 гласови, Амар Мециновиќ 58.994
Според првичните неофицијални резултати на ДИК, кандидатот на Левица за градоначалник на Град Скопје, Амар Мециновиќ, освои 58.994 гласа, а кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски 93.207 гласа.
Ова се податоци од 97, 66 отсто обработени избирачки места. Во нив се запишани 462.161 избирач, а излегле да гласаат 161.965 гласачи или 35,05 отсто.
Македонија
(Видео) Филипче: Следуваат сериозни кадровски промени во СДСМ
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција по завршувањето на вториот круг од локалните избори, најави сериозни кадровски и политички промени во рамки на партијата.
„Овие избори се јасен патоказ за СДСМ, а секако и јасен патоказ за мене како претседател на партијата јасно е какви промени треба да се направат, и политички и кадровски. Како што веќе најавив, во следните денови ќе следуваат промени. Ќе се одржат седници на Извршниот и на Централниот одбор на кои ќе бидат презентирани и усвоени тие кадровски решенија“, рече Филипче.
Претседателот Филипче исто така најави и дека партијата ќе свика Конгрес на кој ќе се разговара за идните политики и насоката во која СДСМ ќе се движи во следниот период.
Македонија
(Видео) Победата на Орце Ѓорѓиевски се слави пред Белата палата
Победата на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски се слави пред Белата палата.
Од обработени 97,69% досега, тој има освоено 57,40%, односно 93.313 гласови, пред кандидатот на Левица, Амар Мециновиќ, кој освои 36,40% од гласовите, односно за него гласале 59.178 луѓе.

