Македонија
Одбележан Денот на Обединетите нации
Денеска, во Министерството за надворешни работи, беше одбележан Денот на Обединетите нации со свечена церемонија и пригодни обраќања на претседателот на Владата, Зоран Заев, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, и резидентниот координатор на ОН и постојан претставник на УНДП во земјата, Луиза Винтон.
Оваа година се одбележуваат 73 години од постоењето на Обединетите нации, а во главниот фокус и понатаму останува темата „Никој да не биде изоставен“.
Претседателот на Владата во своето обраќање се осврна на целите и принципте од Повелбата на ОН, како и на значењето на соработката што Република Македонија ја има со ООН.

„Мораме да бидеме искрени и да кажеме дека независноста и местото во меѓународната заедница на нашата земја беше и сè уште е силно поддржана од мултилатералните институции. Тоа е уште еден мотив повеќе и ние како земја членка на ОН повеќе од 70 години да го дадеме нашиот придонес во остварувањето на глобалните предуслови за одржлив развој на светската заедница на народите“, рече Заев.
Надоврзувајќи се на тоа, министерот Димитров истакна дека Македонија ќе продолжи да ги промовира суштествените вредности на ООН за унапредување на мирот, правдата, човечкото достоинство, дијалогот, толеранцијата и солидарноста.

„И во време кога се доведува во прашање кредибилитетот на ООН, ние успеавме, со поддршка од ОН, да дојдеме до решение на проблемот кој ја попречуваше нашата амбиција кон евро-атлантските интеграции. Тоа е потврда за релевантноста на ОН и за потребата да ја зајакнеме како многу значаен столб на меѓународниот поредок“, истакна Димитров.
И резидентниот координатор на ОН, Луиза Винтон, во тој контекст ја потврди потребата од соработка.

„Ние можеме да се справиме само со дел од предизвиците со кои се соочува земјата, дали во полето на создавање квалитетни работни места, градење силни институции, заштита на животната средина или обезбедување еднакви права за сите граѓани. Затоа, нашата порака за денес е дека не треба само Владата и агенциите на Обединетите нации да се грижат за остварување на целите за одржлив развој. Ниту една од целите не може да се постигне без поддршка од сите. Секој од нас може со нешто да придонесе“, рече Винтон.
По повод одбележувањето на Денот на ОН, по минатогодишното промовирање на онлајн-кампањата со наслов #ИЈасИмамЦел, беше активиран и инстаграм-профилот на оваа кампања со цел да ги инспирира граѓаните да го споделуваат она што го прават за да помогнат да се постигне нивната омилена развојна цел.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

