Македонија
Одбраната на Јанакиески: Ако бил близок соработник на Груевски, немало да биде прислушуван
Адвокатот Димитар Дангов во завршните зборови посочи дека обвинението против Миле Јанакиески за „Насилство во Центар“ треба да биде повлечено од Обвинителството бидејќи не постојат докази што покажуваат дека сторил кривично дело. Но, и во случај тоа да не го сторат, според него, ќе треба судот да донесе ослободителна пресуда.
Еленко Миланов, кој исто така го застапува Јанакиески пред судот, тврди дека ако неговиот клиент бил близок соработник на Груевски, како што тврдат обвинителите, немало да биде прислушуван.
„Судија, како ќе го обвините за нешто што не се случило? Тој е татко на три деца, не е инволвиран во какво било насилство. Тој не бил близок соработник на Груевски. Да бил, нема да има 80.000 прислушувани разговори и 100.000 СМС-пораки за него“, посочи адвокатот Миланов.
Адвокатот Дангов му порача на судијата Душко Јосифовски дека не може судска одлука да се темели на исказ од осудено лице, без да постојат други докази. Тој ја оспоруваше и снимката од бомбите, која е разговор меѓу Јанакиески и Никола Груевски, тврдејќи дека треба да се вештачи оригиналот.
На претходното рочиште поради изменетото обвинение, некои од обвинетите бараа предметот да се врати во доказна постапка, но тоа не го дозволи судијата Душко Јосифовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

