Македонија
„Одговорност мора да има“, порака од Платформата за родова еднаквост за жената со двојна масектомија
Платформата за родова еднаквост реагира на најновиот скандалозен случај и, како што велат, згрозени се што жена на која поради погрешна дијагноза за рак на дојката ѝ била направена двојна масектомија, а истовремено и крајно се револтирани поради инертноста на надлежните институции и флагрантното кршење на законите, особено кога станува збор за груба повреда на правото на здравје.
Платформата составена од 28 организации, кои се борат за женските права и кои во голема мера се раководени и сочинети од жени, сочувствуваме со пациентката на која сериозно ѝ е прекршено правото на здравје и телесна автономија, што има огромни последици за нејзината добросостојба и квалитет на живот.
„Според Хелсиншкиот комитет за човекови права, организација членка на Платформата, од 2018 година, кога пациентката поднела кривична пријава против двајца лекари и Клиниката за радиотерапија и онкологија за тешки дела против здравјето на луѓето и несовесно работење во службата, па до ден-денес, Јавното обвинителство нема донесено одлука за подигнување обвинение или запирање на истражната постапка. Згора на тоа, Вишото јавно обвинителство, кое реагирало по поплака од Хелсиншкиот комитет, известило дека Основното јавно обвинителство постапувало во согласност со Законот за кривичната постапка и Законот за Јавното обвинителство и покрај тоа што истражната постапка трае речиси 4 години“, се истакнува во реакцијата.
Според нив, за надлежните не е спорно непочитувањето на законски утврдените рокови според кои истражната постапка може да трае најмногу 13 месеци, ниту неажурноста на Лекарката комора, која доставила извештај за вршење вонреден инспекциски надзор по повеќе од 2 години, и тоа по ургенција на Хелсиншкиот комитет.
„Оттука, со голем револт и разочарување констатираме дека на ваков начин и правосудниот систем и Лекарската комора посветено придонесуваат кон културата на неказнивост, недовербата во системот и непочитувањето на човековите права, со што директно ја поддржуваат системската негрижа за здравјето на жените. Имајќи го сето ова предвид, Платформата за родова еднаквост бара од Јавното обвинителство итно да постапи и да донесе јавнообвинителна одлука. Одговорност мора да има!“, потенцираат од Платформата за родова еднаквост.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Граѓаните да ги ажурираат своите податоци за „Безбеден град“ на посебниот шалтер во МТВ или во станиците за технички преглед
Министерството за внатрешни работи ги потсетува граѓаните дека на посебниот шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
Истото, може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Македонија
Делови од Кисела Вода и Чаир денеска без струја
Од ЕВН Македонија информираат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците од улиците Кујунџиска и Битпазарска, објектите лоцирани околу националната галерија Чифте Амам, како и дел од корисниците од старата чаршија. (општина Чаир)
– во периодот од 10.00 до 14.00 часот, корисниците од ул. Јустинијан Први лоцирани околу ДИМ Маркет, како и дел од корисниците од улицата Речиште. (општина Кисела Вода)
Македонија
Поради протест блокирани повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни возила
Поради протест блокирани се повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни моторни возила.
Како што известуваат од Макам-Транс, превозниците од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора на 26.01.2026 година започнаа протест со блокада на граничните премини за влез и излез на товарни моторни возила од државите кој ќе трае до надминување на проблемот за евиденција на престој на возачите во Шенген зоната.
Граничните премини кои се блокирани се: Деве Баир, Делчево, Ново Село, Дојран, Богородица, Меџитлија, Ќафасан, Блаце, Блато и Стење.
Затворени се граничните терминали за влез на товарни моторни возила на територија на нашата држава и на коловозните ленти на самите гранични премини за излез од државата, но само на делот за товарен сообраќај.
Патничкиот сообраќај за патници несметано ќе се врши на секој граничен премин, велат од Макам-Транс.
Како што информира АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

