Македонија
Одземени пасошите на четворица осомничени за „Лотарија“, се одлучува за притвор за Груби и Бајрами
На четворица од осомничените во случајот поврзан со „Државна лотарија на РСМ“ им се одземени пасошите, а во текот на денот ќе се одлучува дали за осомничените, кои не се во државата, поранешниот вицепремиер Артан Груби и ексдиректорот на „Лотарија“, Прпарим Бајрами, ќе биде одреден притвор.
„Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за определување мерки за претпазливост против четири лица што се опфатени со истрагата поврзана со „Државна лотарија на РСМ“, за кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластувањто од чл. 353 од КЗ, а кои во текот на ноќта беа сослушани во судот, донесе решенија со кои го прифати предлогот на ЈО и на сите 4 лица им определи мерки во согласност со чл. 146 ст. 1 т. 2 и т. 3, односно одземање патна исправа и обврска за повремено јавување на службено лице во судот“, соопшти Кривичниот суд.
Воедно, до судија на претходна постапка доставен е и предлог за определување мерка притвор против две лица опфатени со оваа истрага, која почнува да се спроведува од нивното пронаоѓање, а за кој предлог судот е во фаза на постапување и за што во текот на денот јавноста ќе биде дополнително известена, се додава во соопштението.
Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот низ државата во зимски услови, магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица до 60 метри.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, максималната температура до 11 степени
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Од среда времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини со врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во среда засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип
Од 23:25 часот, вчера вечер сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип целосно е нормализиран, извести АМСМ.
Претходно, од 19:10 часот, поради сообраќајна несреќа на експресниот пат Кочани – Штип во близина на село Тркање, сообраќајот беше во целосен прекин.

