Македонија
Владата на првата седница ги именува замениците на Ковачевски
Владата на Република Северна Македонија денеска ја одржа својата прва конститутивна седница, со која претседаваше премиерот Димитар Ковачевски.
На седницата определени беа заменици на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, и тоа:
д-р Артан Груби, министер за политички систем и односи меѓу заедниците, за прв заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија; м-р Славица Грковска, министер без ресор, за заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за политики на добро владеење; Фатмир Битиќи, министер без ресор, за заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за економски прашања, за координација со економските ресори и инвестиции; м-р Бојан Маричиќ, министер без ресор, за заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за европски прашања; д-р Џемаил Чупи е именуван за министер без ресор, задолжен за дијаспора.
Владата денеска именуваше и претседатели и членовите на основните комисии на Владата на Република Северна Македонија.
За претседател Комисијата за економски систем и тековна економска политика е именуван Фатмир Битиќи, заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за економски прашања, за координација со економските ресори и инвестиции, а за членови на оваа комисија се именувани д-р Фатмир Бесими, министер за финансии, м-р Крешник Бектеши, министер за економија, Насер Нуредини, министер за животна средина и просторно планирање, Благој Бочварски, министер за транспорт и врски, Љупчо Николовски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство и м-р Јована Тренчевска, министер за труд и социјална политика.
За претседател на Комисијата за политички систем Владата го именуваше д-р Артан Груби, прв заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, а за членови м-р Бојан Маричиќ, заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за европски прашања, Славјанка Петровска, министер за одбрана, Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи, д-р Никола Тупанчески, министер за правда, д-р Бујар Османи, министер за надворешни работи и м-р Адмирим Алити, министер за информатичко општество и администрација.
Должноста претседател на Комисијата за човечки ресурси и одржлив развој ќе ја извршува м-р Славица Грковска, заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за политики на добро владеење, а членови на оваа комисија се Фатмир Битиќи, заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за економски прашања, за координација со економските ресори и инвестиции, д-р Фатмир Бесими, министер за финансии, м-р Беким Сали, министер за здравство, д-р Јетон Шаќири, министер за образование и наука, м-р Јована Тренчевска, министер за труд и социјална политика, м-р Адмирим Алити, министер за информатичко општество и администрација, м-р Горан Милевски, министер за локална самоуправа и доц. д-р Бисера Костадиновска Стојчевска, министерка за култура.
Не денешната седница именувани беа и претседатели и членови на посебните комисии на Владата на Република Северна Македонија.
За претседател на Комисијата за именување е именуван м-р Бојан Маричиќ, заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за европски прашања, а за членови на оваа комисија се назначени д-р Артан Груби, прв заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, д-р Фатмир Бесими, министер за финансии, Љупчо Николовски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи и Насер Нуредини, министер за животна средина и просторно планирање.
За претседател на Комисијата за станбени прашања е именуван Благој Бочварски, министер за транспорт и врски, а за членови д-р Артан Груби, прв заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Фатмир Битиќи, заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори, м-р Беким Сали, министер за здравство, м-р Горан Милевски, министер за локална самоуправа, и Љупчо Николовски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Владата денеска за претседател Комисијата за приватизација го именуваше м-р Крешник Бектеши, министер за економија, а за членови се именувани Благој Бочварски, министер за транспорт и врски, м-р Адмирим Алити, министер за информатичко општество и администрација, Љупчо Николовски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, и м-р Беким Сали, министер за здравство.
На оваа конститутивна седница за шеф на канцеларијата на претседателот на Владата е именуван Мартин Попов.
Владата денеска донесе решение за именување членови на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи и за членови ги определи Славјанка Петровска, министер за одбрана Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи д-р Бујар Османи, министер за надворешни работи м-р Беким Сали, министер за здравство Благој Бочварски, министер за транспорт и врски и Стојанче Ангелов, директор на Центарот за управување со кризи и раководител на Групата за процена.
За раководител на Управувачкиот комитет е определен Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи.
Владата на оваа седница го продолжи работењето на Главниот координативен кризен штаб (ГККШ) за менаџирање со справувањето со последиците од пандемијата со Ковид-19 со претставници на Владата и на институциите кои и до сега беа вклучени во неговата работа.
Со работата на ГККШ ќе претседава претседателот на Владата Димитар Ковачевски.
Согласно приоритетите на Владата како што се здравјето на граѓаните и квалитетот на образованието, на денешната седница е донесен заклучок за вечерва во 20:00 часот да се свика состанок на Главниот координативен кризен штаб (ГККШ) за менаџирање со справувањето со последиците од пандемијата со Ковид-19 и во консултација со Комисијата за заразни болести, да се разгледа прашањето за почетокот на второто полугодие од наставата во основното и средното образование.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски: Пораките на Марко Рубио од Минхенската безбедносна конференција се јасен сигнал за сите сојузници
Пораките на американскиот државен секретар Марко Рубио од Минхенската безбедносна конференција се јасен сигнал за сите сојузници, светот веќе не функционира по старите правила. Како Влада, продолжуваме посветено да го зајакнуваме нашето место во трансатлантската заедница.
Подготвени сме да одговориме на предизвиците, да ја модернизираме нашата одбрана и да обезбедиме сигурна иднина за нашите граѓани, објави премиерот Христијан Мицкоски, од Минхен.
Мицкоски од вчера престојува во повеќедневна посета на Сојузна Република Германија, каде што учествува на 62. Минхенска безбедносна конференција, на која, како што соопшти владината прес-служба, ќе ја реафирмира определбата на државата за предвидлив и фер процес на интеграција во Европската Унија, без дополнителни билатерални условувања.
Македонија
Убиство во Челопек, 78-годишна жена задушена со перница
Полицијата уапси дваесет и петгодишен жител на село Малотино од општина Старо Нагоричане, осомничен за убиство на седумдесет и осумгодишна жителка на село Челопек, соопшти денеска СВР Куманово. Како што наведуваат од кумановската полиција, на 12-ти февруари, осомничениот влегол во нејзиниот дом, физички ја нападнал и со перница ја задушил жената.
-Вчера во 19:30 часот во село Драгоманце, општина Старо Нагоричане, полициски службеници од Полициското одделение Старо Нагоричане го лишиле од слобода Т.Б.(25) од с. Малотино, општина Старо Нагоричане, поради сомнение дека сторил кривично дело по член 123 од Кривичниот законик. Тој се сомничат дека на 12-ти февруари во нејзиниот дом физички ја нападнал и задушил со перница М.С.(78) од село Челопек, општина Старо Нагоричане, по што таа починала на местото, соопшти полицијата.
Тој се сомничи дека извршил повеќе кривични дела „тешка кражба“ во повеќе села на подрачјето на општина Старо Нагоричане. Известен е јавен обвинител, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него биде поднесена соодветна пријава.
Македонија
СДСМ: Две недели без одговор како 5 тони дрога поминале преку граница, бараме одговорност од Мицкоски
СДСМ обвинува дека и по 14 дена нема одговор од институциите за, како што велат, „најголемиот нарко-скандал во регионот“, поврзан со транспорт на пет тони дрога преку државната граница.
Од партијата посочуваат дека молчат премиерот Христијан Мицкоски, како и повеќе функционери, оценувајќи дека тоа отвора сомнежи за одговорност на власта.
„Овој гласен молк е најсилна потврда дека скандалот води до врвот на Владата“, се наведува во соопштението.
СДСМ реагира и на изјавите дека биле запленети 100 тони марихуана, оценувајќи дека доколку постоело толкаво производство, тоа претставува сериозен пропуст на институциите.
Според нив, за такво количество би била потребна површина од над 30 хектари, поради што прашуваат дали биле извршени контроли од надлежните служби, вклучително и полицијата, инспекторатите и безбедносните агенции.
Партијата дополнително прашува како пет тони дрога биле транспортирани со товарни возила покрај системите за надзор, камерите и граничните контроли.

