Македонија
Одржана тркалезна маса на тема „Полициски интегритет – улоги и одговорности на полициските менаџери“
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи во соработка со DCAF – Женевскиот центар за управување со безбедносниот сектор на 05.03.2025 организираа тркалезна маса на тема „Полициски интегритет – улоги и одговорности на полициските менаџери“.
Според Ивица Станковски, помошник на министерот во Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, кој го отвори настанот, главен предизвик за Министерството за внатрешни работи, како клучна институција за откривање на случаите поврзани со корупција, како и нејзино спречување, е навременото детектирање и идентификација на ризиците од корупција, како и навременото откривање, документирање и докажување на коруптивните однесувања во кои биле вклучени овластени службени лица.
На тркалезната маса, на која присуствуваа помошниците на министерот, началниците на секторите за внатрешни работи и началниците на регионалните центри за гранични работи, посебно беше ставен акцент на улогата која ја има раководниот кадар во министерството, кој треба да претставува пример за тоа што значи етичко постапување и кој, преку одржување на обуки и други форми на делување, треба да се стреми кон јакнење на интегритетот на работниците.
Тркалезната маса, исто така, означи важен чекор во нашите напори за подобрување на етичките стандарди и професионализмот во полицијата. Во таа насока, во периодот кој следува (2026-2028), заедно со DCAF ќе биде изработен нов план за професионален интегритет во кој ќе се потврдат постоечките или ќе се утврдат и други ризични области во постапувањето на работниците од МВР, кои се најмногу изложени на ризици од коруптивно или друго незаконско постапување.
Во изработката на новиот план за професионален интегритет активно ќе бидат вклучени сите раководители во МВР, кои воедно ќе бидат надлежни за спроведување на планот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска се планирани неколку прекини во снабдувањето со електрична енегија на корисниците од градот Скопје и неговата околина и тоа:
· во период од 06:00-10:00 часот корисниците на улицата Пајак, улицата Наум Наумовски Борче (од Костарика до Министерство за земјоделие), општина Центар;
· во период од 08:30-14:30 часот корисниците на дел од улицата Радишанска, општина Бутел;
· во период од 09:00-12:00 часот корисниците на улицата 29 Ноември бр.37, општина Центар;
· во период од 09:00-14:00 часот корисниците на дел од улицата Урош Џудовиќ, општина Карпош.
Македонија
Сообраќајот низ државата се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на планините снег
Облачно, со повремени врнежи од дожд кои ќе бидат поинтензивни во југоисточните делови (над 15 l/m²), а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух вренежите од дожд ќе преминуваат во снег и на некои од повисоките места. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 5 до 11 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Денеска ќе се задржи променливо облачно време наместа со повремен дожд, во југозападните делови над 15 l/m², а на повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Нови врнежи ќе има и во текот на седмицата кога ќе настапи заладување со повремени врнежи од дожд, а на планините и во некои од повисоките места од снег. Од денеска ќе има појава на магла по одредени котлини. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер.

