Македонија
Одѕивот до 19 часот е 45,77 отсто, најмногу гласачи излегле во Вевчани
Одѕивот два часа пред затворањето на избирачките места е 45,77 отсто. На 3.463 гласачки места до 19 часот гласале 830.370 граѓани.
Во Изборната единица 1 одѕивот е 47,4 отсто, во Втората изборна единица одѕивот е 43,4 отсто, Третата изборна единица има одѕив од 51,52 отсто.
Четвртата изборна единица има одѕив од 63,24 отсто, во Петтата изборна единица на гласање излегле 44,89 отсто и во Изборната единица 6 на гласање излегле 35,49 отсто од запишаните гласачи во Избирачкиот список.
„Општини со поголем одѕив во Првата изборна единица се Македонски Брод со 64,68 отсто и Сопиште со 63,64 отсто. Во Втората изборна единица се издвојува Бутел со 47,2 отсто и Ѓорче Петров со 47, 56 отсто. Во Изборната единица 3 се издвојуваат Берово со одѕив од 56,45 отсто, Лозово 65,25, Ранковце со 60,37 отсто. Во Четвртата изборна единица се издвојуваат Гевгелија со 62,17 отсто, Демир Капија 62,31 и Неготино 62,98 отсто. Во Петтата изборна единица се издвојува Вевчани со 64,11, Кривогаштани со 63,1 и Демир Хисар со одѕив од 62,98 отсто, во Шетата изборна единица со поголем одѕив се Брвеница со 35,23 отсто, Јегуновце со 40,52 отсто и Тетово со 40,93 отсто“, соопшти Адмир Шабани, портпарол на Државната изборна комисија.
Во ДИК нема нови приговори и пријави по 17.30 часот, а се прави анализа колку траел прекинот на гласањето во Липково за да се утврди дали гласањето ќе биде продолжено за онолку колку што траел прекинот. Портпаролот Шабани објасни дека доколку се утврди оти прекинот траел повеќе од еден, но помалку од три часа, гласањето ќе биде продолжено и по 21 часот. Според Изборниот законик, доколку прекинот е подолг од три часа, гласањето не продолжува.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја делови од Петровец, Чаир и Гази Баба
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од селата Градманци, Летевци, Катланово и Брезница, општина Петровец;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улицата Ордан Чопела, улицата Петре Георгиев и улицата Челопек, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улицата Вера Вучковска Жезељ во населба Хиподром, општина Гази Баба.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека исто така денеска поради уличен дефект на улицата Девол бр. 15, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улицата Девол, општина Карпош.
Македонија
Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 8, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно претпладне со повремен слаб дожд. Ќе дува умерен, северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредните денови
Во среда и четврток во утринските часови има услови за појава на магла. Под влијание на влажна воздушна маса, од четврток од вечерните часови па се до понеделник, следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, наместа пообилни.

