Македонија
Од Австрија пристигна првата количина вакцини од „Фајзер“

Mинистерот за здравство, Венко Филипче, се сретна со Каролине Едштадлер, сојузна министерка за ЕУ и Устав на Австрија.
„Денеска, од Австрија ја добивме првата количина вакцини од ‘Фајзер’, вкупно 4.860, преку тимот на Европа, а до крајот на мај очекуваме вкупно 19.890 дози. Процесот на имунизација е исклучително важен, а ставот на Австрија е дека никој не е безбеден додека сите не се безбедни. Сертификатите што граѓаните треба да ги добијат по примањето на двете дози за непречено движење надвор од границите ќе биде предмет на заемно договарање на двете земји. Важно е дека нема да има ограничување со типот на вакцините“, рече Филипче.
На средбата двајцата соговорници ја потенцираа важноста на процесот на имунизација и заклучија дека недостигот на вакцини е проблем со кој се соочуваат сите земји во светот. На средбата Филипче и Едштадлер говореа и за сертификатите што граѓаните треба да ги добијат по примањето на двете дози за непречено движење надвор од границите и беше кажано дека сертификатот ќе биде предмет на заемно договарање на двете земји, без ограничување со типот на вакцините.
Покрај набавката на вакцините, на состанокот се разговараше и како да се влијае врз подигање на свеста на граѓаните за важноста од вакцинација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Кисела Вода и Центар денеска без вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека денеска:
· поради уличен дефект ф 300 мм на улицата Борис Трајковки бр.73, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Борис Трајковски краците 7, 9 и 11 и дел од улицата Борис Трајковски од 09:00 часот до завршување, општина Кисела Вода;
· поради уличен дефект ф 80 мм на улицата Луј Пастер бр.3, прекинато водоснабување ќе имаат корисниците на дел од улицата Луј Пастер и дел од Кино Култура од 09:00 часот до завршување, општина Центар.
Македонија
Делови од Бутел, Аеродром и Чучер Сандево денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 12.30 часот, корисниците од улица 19, Радишани, општина Бутел;
– во периодот од 08.00 до 15.30 часот, корисниците од улицата Tодор Чангов 51,53, улицата Ѓорѓи Карев, улицата Димитар Илиевски Мурато, општина Аеродром;
– во периодот од 09.00 до 13.30 часот, дел од корисниците од село Бразда во близина на ресторан Рибилмус, општина Чучер Сандево;
– во периодот од 13.00 до 14.00 часот, корисниците од улица 42, Радишани, општина Бутел.
Македонија
Сообраќајот од клучката Орман до клучката Мирковци е пуштен за редовен сообраќај

Сообраќајот на потегот од Клучка Орман до Клучка Мирковци е пуштен за редовен сообраќај, исто така и на потегот Скопје-ГП за ГР Блаце, извести АМСМ.
Сообраќајот на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка од 06 часот е нормализиран во двата правци.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.