Македонија
Од март поголема минимална плата од 22.500 денари, велат од СДСМ

СДСМ, истакнуваат од оваа партија, го продолжува растот на платите и во 2024 година.
Најавуваат дека од март следува ново покачување на минималната плата, кое ќе биде 22.500 денари.
„Во изминатите 6 години СДСМ ја зголеми минималната плата 4 пати. За само неколку години, минималната плата порасна повеќе од двојно во однос на 2016 година.
Со праведни и успешни економски политики СДСМ успеа да ја зголеми и просечната плата на 39.000 денари, Просечната плата е за 300 евра повисока денес во однос на 2016 година.
Воведовме законски решенија, кои содржат методологија за пораст врз основа на зголемувањето на трошоците за живот и зголемувањето на просечната плата“, појаснуваат од партијата на власт.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Денес сончево време со температура до 28 степени

Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Попладне ќе има услови за краткотраен локален дожд и појава на ретки грмежи.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 10, а максималната ќе достигне од 21 до 28 степени.
Во Скопје, сончево и топло време со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 28 степени.
Македонија
Колони возила и утрово на граничниот премин со Грција

Големи колони има и утрово на граничниот премин со Грција, на излез од државата.
Од АМСМ велат дека времето на чекање на „Богородица“ е околу 30 минути. Зголемена фреквенција на возила, рано утринава имаше и на „Табановце“.
Гужвите наа грчката граница почнаа од вчера, со оглед на тоа што денешниот 1 Мај е неработен ден, а дел од граѓаните го поврзаа празникот се претстојниот викенд.
Македонија
Големи колони на границата со Грција пред празникот

Големи колони на возила можат да се забележат вечерва на граниниот премин „Богородица“ кон Грција.
Со оглед на тоа што утре е неработен ден, 1. Мај, голем број грѓани се упатија кон туристичките места.
Како што може да се забележи на видео камерите, на останатите гранични премини нема големи задржувања.