Македонија
Од понеделник почнува вакцинирање во домашни услови
Министерството за здравство ја информира јавноста дека од понеделник граѓаните кои поради здравствени причини не се во можност да дојдат на вакцинален пункт за да примаат вакцина за Ковид 19, може да закажат вакцинирање во домашни услови.
Закажувањето е преку директно јавување во здравствените домови, а истото може да го направат и директно со пријавување на пунктовите за вакцинација.
Во продолжение ви ги испраќаме контактите каде може да се закаже вакцинација со домашна посета:
Здравствен дом Берово – 077 865 827 закажување од 12 до 14 часот;
Здравствен Дом Битола – 075 263 886 закажување од 17 до 18 часот;
Здравствен Дом Валандово – 078 453 381 закажување од 11 до 13 часот;
Здравствен Дом Вевчани – 078 436 932 закажување од 13 до 14 часот;
Здравствен Дом Велес – 078 222 257 закажување од 13 до 14 часот;
Здравствен Дом Виница – 078 217 007 закажување од 13 до 14 часот;
Здравствен Дом Гостивар – 071 769 009 закажување од 13 до 14 часот;
Здравствен Дом Делчево – 076 487 611 закажување од 13 до 14 часот;
Здравствен Дом Демир Хисар – 075 662 469 закажување од 13 до 14 часот;
Здравствен дом Кичево – 075 613 451 закажување од 08 до 10 часот;
Здравствен дом Кратово – 078 321 038 закажување од 08 до 14 часот;
Здравствен дом Крива Паланка – 076 311 120 закажување од 09 до 11 часот;
Здравствен дом Крушево – 078 315 487 закажување од 12 до 13 часот;
Здравствен дом Куманово – 075 239 148 закажување од 08 до 13 часот;
Здравствен дом Македонски Брод – 045 274 151 закажување од 10 до 15 часот;
Здравствен дом Неготино – 072 270 402 закажување од 09 до 10 часот;
Здравствен дом Охрид- 071 366 564 закажување од 12 до 14 часот:
Здравствен дом Пехчево – 071 229 354 закажување од 12 до 13 часот;
Здравствен дом Прилеп – 078 313 625 закажување од 08 до 12 часот;
Здравствен дом Пробиштип – 071 581 719 и 071 366 186 закажување од 13 до 14 часот;
Здравствен дом Радовиш – 070 357 770,078 319 452 закажување од 13 до 14:30 часот;
Здравствен дом Ресен – 070 290 017 закажување од 12 до 14 часот;
Здравствен дом Ростуше – 078 241 071 закажување од 09 до 13 часот;
Здравствен дом Скопје – 02 3134 629 закажување од 12 до 14 часот;
Здравствен дом Свети Николе – 075 402 365 закажување од 13 до 14:30 часот;
Здравствен дом Струга – 077 665 590 , 076 243 403 закажување од 08 до 12 часот;
Здравствен дом Струмица – 034 321-380 закажување од 09 до 13 часот;
Здравствен дом Тетово – 078 330 185 закажување од 08 до 15 часот;
Здравствен дом Штип – 078 345 273 закажување од 08 до 15 часот;
Здравствен дом Македонска Каменица – 075 228 526 закажување од 13 до 14 часот;
Здравствен дом Гевгелија – 075 276 974 закажување од 10 до 12 часот;
Здравствен дом Дебар – 077 978 903 закажување од 09 до 12 часот;
Здравствен дом Кавадарци – 072 250 330, 076 218 169 закажување од 08 до 10 часот:
Здравствен дом Кочани – 078 811 604 закажување од 13 до 14 часот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Средба Мицкоски-Зеленски: Само праведен мир носи стабилност
Премиерот Христијан Мицкоски во Минхен оствари средба со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, со кого, како што објави, разговарале за актуелните безбедносни предизвици во Европа, за потребата од единство и солидарност, но пред сè, за праведен мир.

– Веруваме дека мирот мора да биде изграден врз правда, почитување на достоинството на народите. Само таков мир носи стабилност и сигурна иднина за Европа, напиша Мицкоски во објава на Фејсбук.

Мицкоски и Зеленски разговарале и за продлабочување на соработката, економска размена и поддршка во процесите за напредок на државите.

– Напредокот е можен кога има визија, храброст и јасна определба. Македонија ќе продолжи да биде глас на разумот, партнер на стабилноста и поддржувач на праведниот мир, порачува Мицкоски.

На вториот ден од 62-та Минхенска безбедносна конференција Мицкоски оствари средби со Ричард Гренел, специјален пратеник на претседателот на САД Доналд Трамп за специјални мисии, со холандскиот премиер Дик Схоф, со Џаред Коен, претседател за глобални прашања и ко-раководител на Глобалниот институт Голдман Сакс и со Тед Дојч од Американско-еврејскиот комитет.
Македонија
Пациенти со хемофилија со месеци без „фактор 8“, се бара одговор од МЗ
Од Левица велат дека пациентите со хемофилија повеќе од шест месеци се без неопходниот лек „фактор 8“ поради нераспишан тендер, што, според нив, ги доведува во сериозна здравствена состојба.
Пратеничката Јована Мојсоска преку социјалните мрежи се обрати до министерот за здравство Азир Алиу и директорот на Институтот за трансфузиона медицина Амир Елези, потсетувајќи дека на седница за пратенички прашања било најавено дека лекот ќе биде обезбеден.
Според неа, пациентите со хемофилија живеат во тешки услови додека го чекаат лекот, а добила и повик од лице кое подолг период е врзано за кревет поради недостиг од терапија.
Мојсоска прашува кој ќе сноси одговорност доколку настанат сериозни последици по здравјето на пациентите поради пролонгирањето на постапката.
Македонија
Трипуновски: Нема кратење на субвенции, но приоритет ќе добијат вистинските земјоделци
Нема кратење на субвенции, но приоритет ќе добијат вистинските земјоделци што егзистираат од земјоделство. Вака одговори денеска министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски, на новинарско прашање, по закројувањето винова лоза во Кавадарци, во чест на празникот Свети Трифун, што се смета за заштитник на лозарите и винарите.

На новинарско прашање околу реакцијата дека годинава субвенции ќе добиваат лозари со над пет декари лозје, министерот одговори дека нема кратење на субвенции.
– Имаме сериозна и навремена поддршка и реформи во земјоделскиот сектор, што ќе значат сериозно зголемување на продукцијата. Она што е новина можеби во програмата за 2026 година, е, јасната распределба. Приоритет ќе добијат вистинските земјоделци, што егзистираат од тоа. Во изминатите години се воочени таканаречени ловци на субвенции, кои не обработуваат земјоделски површини, а сакаат да бидат корисници на субвенции. Ова сметам дека не е ниту фер кон вистинските земјоделци, ниту пак е законски. Затоа оваа година најавуваме дека ќе имаме сериозна контрола на терен, за парите да завршат кај вистинските лозари, земјоделци, што се многу важни за економијата и руралната средина, појасни министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Во новата програма се предвидувало, минималната површина да биде 0.5 хектари, за да се биде корисник на земјоделски субвенции. Трипуновски подвлече дека земјоделството е еден од приоритетите.
Запрашан кога ќе бидат одблокирани средствата од ИПАРД програмата, тој рече дека платежната агенција со новиот менаџерски тим, работела на отстранување на сите забелешки што биле нотирани и оти се очекува многу бргу агенцијата да почне нормално да функционира. Агенцијата, посочува тој, и сега работи нормално, со тековните плаќања во делот на субвенции и во врска со ИПАРД апликации.
На новинарско прашање, тој информираше дека за оваа година, веднаш по носењето на програмата, традиционално пред овој празник, вчера биле исплатени субвенциите кон лозарите. На над 12 500 лозари, исплатени биле речиси осум милиони евра. На почеток на наредна недела, најавува исплата на субвенците и за овоштарите.
Трипуновски уверува дека навремено се исплаќаат и ќе се исплаќаат сите субвенции.
Министерот рече дека на денешниот празник ја негуваме традицијата и културата во делот на една од нашите најдобри и најголеми земјоделски култури, лозаропроизводството. Им оддаваме почит на нашите лозари кои произведуваат квалитетно грозје, а нашите винарски визби прават квалитетно вино, коешто е наш амбасадор.
– Како Влада и Министерство остануваме посветени да ја поддржуваме оваа гранка и да ја развиваме оваа битна земјоделска култура, истакна министерот за земјоделство.
Во најголемиот лозаровинарски регион во државата, посака здравје и бериќет, а трудот на земјоделците да биде вреднуван.

