Македонија
Од понеделник почнува да плови „Титаник“ на СЈО – 21 лице седнуваат на обвинителна клупа
В понеделник, 2 април, во кривичниот суд почнува судењето за досега најсложениот и најголем предмет на специјалното јавно обвинителство, „Титаник“. Обвинети се 21 лице, меѓу кои и поранешниот врв на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска. За првпат на обвинителна клупа ќе седнат Илија Димовски, Мартин Протоѓер и Кирил Божиновски. Во овој предмет, кој СЈО го објави прв, обвинети се и разузнавачот Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодорвски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска. Обвинета е и поранешната заменичка на министерот за правда, Билјана Бришкоска Бошковски.
19 обвинети одговараат за злосторничко здружување, а Никола Груевски, Мартин Протоѓер, Кирил Божиновски и Миле Јанакиески, како и уште тројца обвинети ќе одговараат кривично за злоупотреба на средствата за изборната кампања. Во обвинението СЈО обвинетите ги товари и за повреда на слободата на определување на избирачите и повред на избирачкото право. Последниот дваесетти обвинет ќе одговара и за уништување иборен материјал.

Никола Груевски, Мартин Протоѓер, Илија Димовски и Леко Ристовски ќе треба солидарно да ѝ вратат на државата 2,2 милиона евра доколку кривичниот суд ги осуди за виновни во предметот „Титаник“. Обвинителите од тимот на Катица Јанева напишале дека за финансирање на изборната кампања во 2011 година лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и поранешниот шеф на Кабинетот на Груевски, Мартин Протоѓер, треба да вратат во буџетот 567 илјади евра. За изборната кампања во 2012 година СЈО од Никола Груевски, Илија Димовски и Леко Ристовски побарува 673 илјади евра. Еден милион евра е сумата што обвинетите, доколку бидат осудени, треба да ја платат за изборната кампања во 2014 година. СЈО од нив четворица побарува сума од над 2,2 милиона евра.
Во обвинителниот акт пишува дека Никола Груевски и Мартин Протоѓер од мај до јуни 2011 година како организатори на изборната кампања користеле недозволени средства за изборна кампања, кои потекнуваат од неидентификувани извори. Спротивно на Изборниот законик, не го пријавиле изворот на финансирање со што го злоупотребиле законското овластување како организатори на изборната кампања. На идентичен начин во 2013 година Илија Димовски и Леко Ристовски, поттикнати од Никола Груевски како соизвршители во кривичното дело, користеле недозволени средства за изборната кампања. Според обвинението, поранешниот генерален секретар на Владата водел евиденција и парите ги чувал како готовина. Истиот принцип за уплата бил користен и за изборите во 2014 година. Во прилог на обвинението СЈО достави и записници од сослушување сведоци и обвинети и докази.
Во април судијата се закажани 4 судски рочишта за овој предмет. Покрај на 2 април, судења ќе има и на 12, 16 и 26 април. Предметот го води судијата Осман Шабани од Одделот за организиран криминал и корупција. Како дел од доказите се 1063 прислушувани разговори и 41 смс порака за кои апелационите судии се изјаснија дека имаат доказна вредност во постапката. Ова е петто обвинение за Никола Груевски и Миле Јанакиески за кое почнува судењето и трето за Гордана Јанкулоска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) „Обвинителството се заплетка со притворот за Груби, се покажа дилот, сè е договорено“, вели Кузеска
„Политичкиот дил ВМРО-ДУИ со Груби веќе на сите им è јасен, граѓаните знаат што се случува. Разоткриенo е секое делче од ова договорено сценарио. Од режираната претстава на границата, со наочари и насмевка. Преку пречекот со камери, со медиумска поддршка на 40% од медиумите под контрола ВМРО преку Орбан, па се до одредувањето на куќен притвор од обвинителството и сдуството под контрола на ВМРО-ОКГ“, вели Богданка Кузеска – портпаролка на СДСМ.
„Сакајќи да се исперат од скандалозна одлука за одредување куќен притвор Обвинителството директно го закопа Христијан Мицкоски.
Вчера, Обвинителството соопшти дека МВР на Тошковски и АНБ на Христовски дале проценка дека Груби „не бил безбеден“ во „Шутка“, па затоа предложиле куќен притвор.
Истиот ден, излезе директорот на затворот Шутка, Бобан Утковски, го демантираше Обвинителството и рече дека ниту МВР ниту АНБ „не се обратиле ниту усно ниту писмено до затворот за да побараат мислење за безбедноста“.
Епа како донеле одлука во Обвинителството?
Има ли подобра потврда од ова тврдење дека сè е договорено и дека јавноста само се лаже и се замајува?
Сè е јасно.
Затоа обвинителството и судството беа ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ, за што СДСМ со месеци говори.
Тоа го имаме како потврда и за овој случај. Кои обвинители постапуваа во предметот и кој го предложи куќниот притвор за Груби? Предметен обвинител е Даниел Коцев, а негов шеф на Скопското Обвинителство е Анел Фидоски, кој беше избран на оваа функција на 20 јануари 2026 година.
Сè е јасно, сè е договорено, смислено сценарио. Можеби ваквите сценарија им поминуваа со години наназад, но повеќе не поминуваат – разоткриени се. Граѓаните гледаат и знаат сè. Одговорност ќе има!“, изјави Богданка Кузеска – портпаролка на СДСМ.
Македонија
Обвинителите бараат итно да се повлече од дневен ред точката за намалување на нивните плати: се загрозува независноста со економски притисок
Здружението на јавните обвинители утрово испрати итка рекација до Собранието во која бараат да биде повлечена од дневен ред на денешната седница точката за изменување на Законот за платите на јавните обвинители која предвидува намалување платите. Обвинителите сметаат дека потребата од измена на Законот треба да биде детално преиспитана.
„Јавните обвинители се свесни за сложената економска ситуација во која се наоѓа државата и за потребата од ефикасни мерки за штедење. Меѓутоа, мора да нагласиме дека согласно член 2 од Законот за платите на јавните обвинители, платата на јавниот обвинител не може да биде намaлена со закон или одлука на државен орган, освен при утврдена дисциплинска одговорност. Јавните обвинители извршуваат сложена и одговорна работа и го носат товарот на кривичниот прогон и тоа без соодветни материјални услови и доволна стручна поддршка. Законски предвидените додатоци за сложеност на трудот со години наназад не им се исплаќаат поради недостаток на средства во Буџетот. Исто така, функцијата јавен обвинител е неспојлива со извршувањето на каква било друга функција или дејност. Поради тоа, платата е единствен приход за јавните обвинители и таа се движи во распон од минимални помалку од 90.000 до максимални 130.000 денари. Со вакви износи платите на македонските јавни обвинители се апсолутно најниски во регионот, а со останатите европски земји не можат ниту да се компарираат“, стои во реакцијата на обвинителите.
Наведуваат дека платите на обвинителите во Србија се од 1600 до 4.000 евра, во Црна Гора обвинителите земаат од 1.600-4.700 евра, во Албанија од 1.600 до 3.000 евра, во Бугарија просекот е 3.000 евра, а обвинителите во Македонија имаат плати од 1.500 до 2.100 евра.
Обвинителите во реакцијата велат дека чувствуваат обврска да го известат Собранието дека Уставниот суд, на иницијатива на Здружението на јавните обвинители, веќе има донесено решение У бр.71/25 од 24.12.2025 година со кое поведе постапка за оценка на уставноста на последните измени на Законот за платите на јавните обвинители, со кои веќе се интервенираше со намалување на коефициентите и ограничување на порастот на платите.
„Иако конечната одлука на Уставниот суд за ова прашање сè уште не е донесена, имаме обврска да укажеме на штетните правни последици доколку со ново законско решение дополнително се продлабочат оспорените недоследности. Оценката на уставноста на претходните законски измени се проверка на уставната усогласеност и на измените кои сега се предлагаат, бидејќи повторно при иста методологија на пресметка на плати, се намалуваат коефициентите со што всушност се влијае за намалување на платите. Сметаме дека тоа е противуставно и незаконито решение со кое се загрозува независноста на јавните обвинители преку економски притисок, од кои причини, како што наведовме погоре, бараме оваа точка да биде повлечена од дневниот ред, а потребата од измена на Законот во предложената насока да биде детално преиспитана“м наведуваат обвинителите во итната реакција.
Пратениците Бојан Стојаноски Ѓорѓија Сајкоски предложија менување на коефициентите за пресметка на функционерските плати со што тие ќе се намалат, а ќе се спречи и нивен понатамошен раст.
Македонија
Претседателот на Албанија во тридневна посета на Македонија, посебен режим на сообраќајот во Скопје
В четврток, петок и сабота, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува Бајрам Бегај, претседател на Република Албанија.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на градот Скопје.
СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и упатствата што ќе ги даваат униформираните полициски службеници, со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.

