Македонија
Од утре автобусите на ЈСП ќе возат до 21 часот

Јавниот превоз од утре ќе функционира до 21 часот во согласност со одлуката на Влада за забрана за движење на населението во периодот од 21 до 5 часот.
Билетарниците и центрите за персонализација ќе работат од 6 до 19.30 часот.
И натаму не работи жичницата на Водно, а не сообраќаат ниту трите линии до Средно Водно (25, 25А и 25Б), како и туристичката линија „Сити тур“.
И натаму не важи бесплатниот превоз за возрасни лица во вторник, петок, сабота и во недела.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја дел од Аеродром

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Пандил Шишков, Вангел Тодоровски и Руди Чаевец, општина Аеродром.
Македонија
Дел од Карпош денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект во шахта на улицата Шекспирова бб (во близина на Тинекс маркет), општина Карпош, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, температурата до 37 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 20, а максималната ќе достигне од 28 до 37 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 34 степени.
Времето во наредните денови
Во среда и четврток ќе биде променливо облачно, наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Потоа следи стабилизирање на времето.