Македонија
Изменет сообраќаен режим на булеварот Илинден поради одржување ролер ски-куп

Од утре до четврток, 3, 4 и 5 септември, од 9 до 11.30 часот, во организација на Скијачката федерација на РСМ, Клубот за биатлон и нордиски дисциплини „Олимпик скии“ од Скопје, Град Скопје и Општина Карпош, ќе се одржи меѓународна спортска манифестација „ФИС ролер ски-куп“.
Трасата на движење ќе биде од Спортскиот центар „Борис Трајковски“ до крстосницата на булеварот Илинден со улицата Љубљанска (десна коловозна лента гледано во насока од исток кон запад) во Скопје.
Од тие причини во наведениот период ќе биде воведен посебен режим на сообраќајот по булеварот Илинден, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници на сообраќајниците по кои ќе се одвива настанот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Запален домот на Александар Пандов: Нема да не запрат и нема да не поколебаат

Директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов на социјалните мрежи објави дека му бил запален домот.
„Ова е данокот за нашата борба за владеење на правото без калкулации? Ова е цената за удирањето по мафијата! Домот ми беше запален, и имам основано сомневање дека станува збор за смислен атак на криминалците!
Нема да не запрат и нема да не поколебаат. Никој не е над законот! Нема враќање назад кога се бориш за правдата. И кога ќе тргнеш против криминалот, тој се брани со насилство. Но ова нема да ме запре — напротив, само не зајакнува!“, напиша Пандов.
Тој додаде дека очекува институциите да го најдат и казнат сторителот.
Македонија
Милошоски: Не помина интерпелацијата на Левица и СДСМ за Тошковски, целта им беше лична дискредирација и злоупотреба на трагедијата

„Не помина интерпелацијата на Левица и СДСМ против МВР, Панче Тошковски. Целта им беше провидна“, напиша на социјалните мрежи Антонио Милошоски.
„Прво лична дискредитација на Тошковски, а потоа злоупотреба на семејните емоции од големата трагедија во Кочани. Манипулативни намери, наместо реални предлози и поддршка“, додаде тој.
Македонија
Мицевски: Интерпелацијата за министерот Тошковски не доби поддршка

„Интерпелацијата за министерот Панче Тошковски не доби поддршка. Очекувано од неколку причини“, напиша Никола Мицевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.
„Потребна е стабилност, а не политичко дестабилизирање. Во услови кога Владата е во фаза на спроведување важни реформи, особено во безбедносниот сектор, несериозни интерпелации создаваат дополнителна нестабилност и можат да го компромитираат спроведувањето на започнатите процеси. Јавната безбедност бара стабилност, континуитет и институционално зајакнување, а не секојдневни политички турбуленции“, додаде тој.