Македонија
Од утре на полноќ ќе биде затворен Меѓународниот аеродром „Скопје“
Во согласност со одлуката на Владата за спречување внесување и ширење на коронавирусот, „ТАВ Македонија“ сака да ги информира сите патници и јавноста дека Меѓународниот Аеродром „Скопје“ ќе биде затворен утре, 18 март, од полноќ, за патнички летови, сè до следното известување.
„Како аеродромски оператор ги информиравме сите авиокомпании и засегнати страни за оваа одлука, а М-НАВ ја објави во НОТАМ – авијациски документ што ги информира сите авиопревозници за важни и итни пораки. Во престојниот период на Меѓународниот аеродром ‘Скопје’ нема да има патнички летови, освен државни, воени, хуманитарни, медицински, санитарни и карго-летови. До затворањето авиосообраќајот ќе се одвива според распоредот на летови што патниците може да го проверат на нашата веб-страница, но со оглед на тоа што ситуацијата со коронавирусот се менува многу бргу, ве замолуваме да ги следите последните објави за вашите летови на веб-страниците на авиокомпаниите и да се јавите во нивните оддели за клиенти“, велат од компанијата.
За сите евентуални натамошни промени во работењето на Меѓународниот аеродром „Скопје“ и аеродромот „Свети апостол Павле“ во Охрид, кој беше затворен во неделата, на 15 март 2020, исто така врз основа на одлука на Владата, патниците и јавноста ќе бидат известени во согласност со информациите и одлуките на Владата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одлуки за учество на припадници на Армијата на вежби во Германија, Бугарија, Косово
Владата на денешната седница донесе и повеќе одлуки на предлог на Министерството за одбрана, меѓу кои и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „BEYOND HORIZON 24“, во Република Бугарија, за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во НАТО операцијата „КФОР“ во Република Косово и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „Combined Resolve 24-2“ во Сојузна Република Германија.
Македонија
Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР
Во пресрет на претстојните Претседателски и Парламентарни избори што ќе се одржат утре, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 08.05.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до 19.00 часот.
„Исто така ги известуваме граѓаните дека сите барања за лични карти кои се поднесени до 03.05.2024 година, се веќе изготвени и граѓаните можат да ги подигнат“, соопшти МВР.
Македонија
Пронајдени три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми, ОЈО Велес отвори истрага за недозволено држење оружје
Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 5 во врска со став 3 на Кривичниот законик.
„При претрес во домот на осомничениот во селото Мелница, општина Чашка, полицијата пронашла поголемо количество оружје и муниција – три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми со различен калибар. За осомничениот поднесен е предлог за определување мерка притвор“, соопшти Обвинителството.
ОЈО Велес продолжува да постапува и да презема дејствија за проверка на сомненијата за изборен поткуп во однос на овој осомничен и на уште едно лице во велешко кај кое во текот на вчерашниот ден беа извршени претреси, се додава во соопштението.