Македонија
Од утре онлајн-вежби со познати инструктори
Град Скопје, во соработка со тим еминентни и добро познати инструктори во разни домени на спортот, од утре за граѓаните ќе понудат онлајн-видеа со вежби за одржување на телесната форма за време на вонредните услови што ги налага пандемијата.
„Како што направивме со програмата ‘Култура во време на корона’, на сличен начин адаптиравме дел од програмата за спорт за 2020 година, со цел на нашите сограѓани, додека се дома, да им понудиме стручно одржување на формата и здравиот начин на живеење. Свесни сме дека во овој период на вонредни услови не сте во можност да ги посетувате салите за вежбање и фитнес-студијата, како и спортските сали, па затоа ова е еден мал придонес од Град Скопје и тимот инструктори да ви помогнеме да вежбате дома и да продолжите со спортското живеење и физичката активност за одржување на здравиот дух и тело. Заедно со вас и тимот инструктори да покажеме дека спортскиот дух не може, не смее и нема да згасне и во овие тешки услови. Бидете здрави и во добра форма, да бидеме победници и овој пат“, рече градоначалникот Петре Шилегов на денешната прес-конференција што се одржа кај Памптракот кај Олимпискиот базен.
Вежбите што граѓаните ќе може да ги проследат на официјалната фејсбук-страница на Град Скопје ќе опфатат разни типови вежбање, односно по неколку серии фитнес-кросфит, пилатес и пауер пилатес, аеробик, ултимејт фит, кондициски вежби, вежби за атлетика и јога. Своите стручни совети за граѓаните ќе ги понудат следните спортски инструктори:
– Фитнес-кросфит – Даниел Трбогазов;
– Пилатес-вежби – Бисера Станкова-Ковачевска;
– Класичен аеробик – Кети Матеничарска-Накова;
– Вежби за подобрување на физичката подготвеност – Кристијан Кајчевски;
– Функционален тренинг – Елена Бубало-Михајловска и Атанас Михајловски;
– Вежби и совети за атлетика – Дрита Исљами;
– Јога-вежби – Искра Србиновска и
– Пауер пилатес – Ивана Каратукова.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забрана за камиони на неколку патни правци поради врнежи од снег
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на повисоките места, во западните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот, извести АМСМ
Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, во Маврово и на планинскиот премин Стража. На планинскиот премин Буково врнежите се од дожд и снег.
Поради врнежи од снег воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража, како и на патниот правец крак Маврово – Дебар.
На патниот правец Тетово – Попова Шапка е воведена забрана за сообраќај за автобуси, а за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема.
Македонија
Делови од Илинден, Ѓорче Петров и Кисела Вода денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 13:00 часот дел од улицата 19 во населба Илинден, oпштина Илинден;
· во периодот од 08:30 до 14:00 часот дел од корисниците во населба Волково, поточно улиците: 95, 100, 101, 102 и 103, општина Ѓорче Петров;
· во периодот од 08:30 до 14:30 часот дел од корисниците на улицата Јустинијан Први во село Драчево, поточно делот од Маркет – Вајота кон село Студеничани, општина Кисела Вода;
· во периодот од 09:00 до 14:00 часот дел од улицата Герника, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-125мм на улицата Светозар Марковиќ бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Светозар Марковиќ и дел од булеварот Кочо Рацин, вклучително и објектот на Веро Џамбо, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

