Македонија
Од утре фотографирање за пасоши во Пролет само со закажување
Од утре пунктот за фотографирање за лични документи во ПС Пролет нема да работи без закажување, туку се трансформира во пункт за презакажани термини за сите оние што имале резервиран термин за фотографирање на територијата на град Скопје до крајот на 2024 година.
Трансформацијата, како што ведлат од МВР, се прави со цел да се воведе ред наместо хаос и да се олесни и забрза добивањето лични документи за жителите на Скопје. На граѓаните што веќе имаат закажано термин ќе им се јават од економскиот оператор задолжен за тоа и ќе им биде понуден нов термин во многу пократок рок.
„Истовремено, оние ослободени термини добиени при прочистувањето на сите списоци ќе останат на располагање за идни резервации“, велат од МВР.
Од утре во склоп на пунктот во ПС Пролет ќе функционираат 14 базни станици, на кои ќе се врши фотографирање на граѓаните од понеделник до сабота, а од понеделник (12.2.2024) ќе се воведе и фотографирање во втора смена.
МВР ги известува граѓаните дека во наредните денови закажувањето термини за фотографирање за лични документи ќе биде само телефонски, а закажувањето преку интернет поради технички причини нема да биде можно.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Зајкова се обрати на есенската сесија на ПС на ОБСЕ: Во време на зголемени конфликти, дезинформации и нарушена доверба во институциите, нашата најсилна алатка останува дијалогот
Делегацијата во Парламентарното собрание на ОБСЕ (ПС на ОБСЕ) во состав: Моника Зајкова, шефица на Делегацијата; Мимоза Муса, членка и Ели Панова, заменик-членка на Делегацијата, учествува на 23. Есенски состанок на ПС на ОБСЕ, што се одржа од 16 до 19 ноември 2025 година во Истанбул, Турција.
Во време кога се одбележуваат 50 години од формирањето на ОБСЕ, оваа парламентарна конференција беше отворена со засилени апели за ревитализирање на мултилатерализмот преку дијалог и соработка.
Првата сесија на оваа парламентарна конференција се фокусираше кон премостување на перспективите и зајакнување на дијалогот, медијацијата и довербата во ерата на неизвесност. На оваа сесија свое обраќање имаше пратеничката Моника Зајкова, која истакна дека меѓународниот пејзаж е обележан со длабока сложеност затоа што конфликтите продолжуваат, а геополитичките тензии се заоструваат.
Во време кога дезинформациите се шират и довербата на граѓаните во институциите се намалува потребна е поголема посветеност кон дијалогот, соработката и споделената одговорност. Затоа е потребно да се имаат предвид основачките принципи на ОБСЕ дека безбедноста е неделива, односно дека сите зависиме едни од други. Таа посочи дека дијалогот е најважната алатка за зачувување на мирот и дека преку отворени канали на комуникација може да се отфрли стравот, да се исправат дезинформациите.

Пратеничката Зајкова заклучи дека без разлика дали неизвесностите доаѓаат од геополитички, економски, технолошки или еколошки предизвици, секогаш бараат обновен дух на солидарност и одговорност. Премостувањето на перспективите не значи елиминирање на разликите, туку создавање простор за нивно разбирање, за нивно управување со можност за трансформирање во мир.
На оваа есенска конференција учествуваат околу 200 пратеници, претставувајќи 53 земји учеснички на ОБСЕ, како и неколку парламентарци од медитеранските партнери за соработка.
Говорниците повикаа на праведен мир во Украина, нагласувајќи дека сите преговори мора да го вклучат Киев на масата, како и пат кон долгорочен мир на Блискиот Исток врз основа на признавање на две држави.
Во своето обраќање, претседателот на ПС на ОБСЕ, Пере Жоан Понс (Шпанија), зборуваше за ерозијата на некогаш преовладувачкиот оптимизам низ Регионот на ОБСЕ, но сепак изрази надеж за иднината. Тој истакна дека Европа повторно гледа во бездната на војната, што се гледа преку Украина, а трагично, недалеку оттука, во Газа.

Во овој поглед, тој истакна дека Собранието ќе продолжи со ангажманот во Јужен Кавказ, работејќи со сите политички сили за да помогне во зајакнувањето на демократијата и дијалогот и повика на продлабочување на парламентарната соработка со сите земји од Централна Азија. Тој, исто така, ја нагласи важноста на економската и еколошката димензија на безбедноста, истакнувајќи ја особено работата на ПС по прашањето на климатските промени.
Генералниот секретар на ОБСЕ, Феридун Х. Синирлиоглу, истакна дека ОБСЕ има инклузивност, легитимитет, искуство и историска меморија да покаже дека дијалогот и соработката се сè уште можни и секако потребни, особено во најтемните времиња.
Парламентарното собрание на ОБСЕ го сочинуваат 323 парламентарци од 57 земји од Европа, Централна Азија и Северна Америка. Собранието обезбедува форум за парламентарна дипломатија, набљудување на избори и зацврстување на меѓународната соработка за исполнување на заложбите на ОБСЕ во врска политичките, безбедносните, економските прашања, прашањата за човековите права и животната средина.
Македонија
Младите во Општина Аеродром целосно ослободени од комуналии за градење на прв дом
Општина Аеродром ја воведува мерката за целосно ослободување од комуналии за сите млади до 35 години што го градат, го доградуваат или го надградуваат својот прв дом.
„Мерката беше донесена на првата седница на Советот на Општина Аеродром, со што јасно се потврдува определбата дека токму младите се основата на развојот на заедницата“, велат од Општината.
Ова право можат да го остварат лицата што исполнуваат следниве услови: лица кои имаат најмногу 35 години на денот на поднесување на барањето; да се жители на Општина Аеродром најмалку (2) години; градат, доградуваат или надградуваат прв дом во нивна сопственост; објектот се гради исклучиво за лични станбени потреби.
Заинтересираните треба да поднесат комплетна техничка документација согласно со Законот за градење, како и изјава дека објектот ќе го користат за сопствено домување најмалку десет (10) години.
Ослободувањето од комуналии се однесува на: изградба на нова индивидуална куќа; доградба на постоен станбен објект за индивидуално домување и надградба на постоен станбен објект за индивидуално домување со која се создава прв дом.
Македонија
ЦУК предупредува: Поради интензивни врнежи од дожд во делови од Западна Македонија се создадоа водени површини под подвозниците и надвозниците
Поради интензивни врнежи од дожд во делови од Западна Македонија, особено во Полошкиот регион и Општина Тетово, забележани се проблеми со апсорпцијата на атмосферските и фекалните канализации во урбаните делови на градот. Ова доведе до задржување и создавање водени површини под подвозниците и надвозниците, извести Центарот за управување со кризи.
Од ЦУК апелираат на зголемена внимателност при движење низ улиците и избегнување на сообраќајот кон наведените делови од патната инфраструктура.
Надлежните екипи се на терен и активно работат на надминување на состојбата, додаваат од ЦУК.

