Македонија
Од утре ќе бидат отворени игралиштата на песок на градската плажа „Парк“
Од утре, 9 јуни, ќе бидат отворени за користење одбојкарското и ракометното игралиште на песок на градската плажа „Парк“.
Сите заинтересирани граѓани, ученици, студенти, рекреативци, спортски клубови и здруженија на граѓани може бесплатно да спортуваат и да рекреираат на овие игралишта на песок. Спортските терени на градската плажа „Парк“ ќе бидат отворени за спорт и рекреација, секој ден во термините од 10 до 24 часот.
Закажувањето може да се врши секој ден на самите игралишта во горенаведениот период и на телефонскиот број за контакт 072 258 441 во периодот од 10 до 23.30 часот. Терминот за бесплатно користење е со времетраење од 1 час.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Голема полициска акција: претреси во Скопје, Куманово и на други локации
Во координација со Основното јавно обвинителство Скопје во тек е полициска акција со претреси во Скопје, Куманово и на други локации, поради сомненија за кривично дело злоупотреба на службена должност.
Обвинителството најави повеќе информации по завршување на акцијата.
Македонија
Поради одрон во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Ресен- Граничен премин Стење
Денеска од 07:55 часот, поради одрон на патот помеѓу селата Царев Двор и Отешево, во прекин е сообраќајот во двата правци на регионалниот пат Ресен – Граничен премин Стење.
„Апелираме до граѓаните да не се упатуваат кон овој пат, а надлежните институции преземаат мерки и активности за чистење на патот и нормализирање на сообраќајот, за што јавноста ќе биде соодветно известена“, велат од МВР.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)

