Македонија
Педијатрите од 1 јануари ќе дежураат ноќна смена и на дел од поликлиниките
Во поликлиниките „Јане Сандански“, „Бит-пазар“ и „Ѓорче Петров“ од 1 јануари следната година ќе почнат со работа ноќните педијатриски пунктови, информираат од Министерството за здравство.
„Овие пунктови во поликлиниките ‘Јане Сандански’, ‘Ѓорче Петров’ и ‘Бит-пазар’, за граѓаните ќе бидат отворени секој работен ден од 19:30 до 7:30 часот, вклучувајќи ги и лабораториите за испитување крв и урина, кои ќе работат секој ден до 23:30 часот. В недела овие пункотови ќе работат 24 часа, а лабораторијата од 8:00 до 23:30 часот“, велат од Министерството.

Министерот за здравство, Венко Филипче, изјави дека целта на отворањето на овие ноќни пунктови, во трите поликлиники е родителите што побргу и полесно да стигнат до медицинска помош за своите деца кога се болни, но и да се намали френквенцијата на пациенти во детската клиника во ноќните часови.

„На мое големо задоволство го најавувам отворањето на педијатриските пунктови во трите поликлиники, каде лекарските служби ќе се приближат до пациентите, кои живеат далеку од Клиничкиот центар. Прегледите ќе ги вршат општи лекари, кои поминаа соодветни обуки за педијатриски прегледи. Трите педијатриски пунктови се опремени за прегледи на вонболничка здравствена заштита или покрај другото имаат можност за предглед на крвна слика и урина, инхалирање, со цел да можат полесно да се дијагностицира здравствениот проблем кај најмладите пациенти. Со отворање на овие пунктови ќе се растовари метежот во Клинички центар, но секако потешките случаи, сепак, ќе бидат упатувани на Клиниката за детски болести клиника“, изјави министерот Филипче.

Директорот на Здравствен дом – Скопје, Мемедовиќ, пак, изјави дека целиот кадар, кој е ангажиран во овие ноќни пунктови има поминато специјална и соодветна обука на катедрата за семејна медицина и имале практична настава на Клиниката за детски болести, за да можат да вршат педијатриски прегледи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општина Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман улица 5, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Претежно облачно и тивко, максималната температура до 17 степени
Времето денеска ќе биде прeтежно облачно. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, претежно облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен во четврток кога ќе има услови за слаб локален дожд. Во четврток и петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието.
Македонија
Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста
Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја следат состојбата, се координираат и оттаму е оваа оценка за стабилност и безбедност, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по седницата на Советот за безбедност на која на дневен ред беше безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.

Таа додаде дека институциите ќе продолжат да ја следат состојбата.
-Координирани сме и со органите во регионот и ќе споделиме информации, најави претседателката Сиљановска – Давкова.
Претседателката Сиљановска Давкова е претседател на Советот за безбедност, а на седницата присуствуваа и членовите на Советот за безбедност: претседателот на Собранието Африм Гаши, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за одбрана Владо Мисајловски како и експертите Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова, и Владо Спиридонов. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,Тимчо Муцунски, кој е на пат за САД, на седницата беше вклучен преку видеоврска.

На седницата присутни беа и директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски и началникот на Генералштабот, генерал – мајор Сашко Лафчиски.

