Македонија
Од 11 до 15 јуни нема да работи системот на МВР за прием и издавање лични документи
Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека поради надградба на системот за лични документи, од 11 јуни (петок) започнувајќи од 16 часот, заклучно со 15 јуни (вторник – во текот на целиот работен ден до 20 часот) нема да биде во функција системот за прием и издавање лични документи (лична карта, пасош и возачка дозвола) во Скопје.
Од тие причини се известуваат граѓаните од подрачјето на Град Скопје кои имаат закажано термин за аплицирање за личен документ (лична карта, пасош и возачка дозвола) на 11. 6. 2021 година по 16 часот, да дојдат во просториите на Министерството каде што имаат закажан термин за личен документ истиот ден (11. 6. 2021 година) до 16 часот.
Граѓаните кои имаат закажан термин за 14. 6. 2021 година, правото за поднесување барање за личен документ, ќе можат да го остварат на 5. 6. 2021 година на исто место и во истиот час и минути како што имаат закажано.
Граѓаните кои имаат закажан термин за 15. 6. 2021 година, правото за поднесување на барање за личен документ ќе можат да го остварат на 6. 6. 2021 година на исто место и во истиот час и минути како што имаат закажано.
Готовите лични документи може да се подигнат до 11. 6. 2021 година до 16 часот или од 16. 6. 2021 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
Променливо облачно и студено со сончеви периоди, повремено ќе дува засилен северен ветер
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -5, а максималната ќе достигне од -4 до 3 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, претпладне во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 2 степена.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со студени утра и утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни. Во вторник наместа дневните температури ќе се задржат негативни, а од среда ќе бидат во постепен пораст. Од средината на седмицата по котлините ќе има услови за појава на магла.

