Македонија
Околу 150 казни за возачи во Скопје

Околу 150 возачи во Скопје биле казнети вчера поради пречекорување на брзината, возење под дејство на алкохол и останати прекршоци.
Од МВР информираат дека санкционирани се пет возачи кои ја пречекориле брзината, а откриени се и 48 останати прекршоци за кои се издадени 23 мандатни платни налози и 25 прекршочни платни налози.
Во периодот од 22 до 4 часот, синоќа санкционирани се 24 возачи поради возење под дејство на алкохол, а откриени се 22 останати прекршоци за кои се издадени 10 мандатни платни налози и 12 прекршочни платни налози.
Исто така Одделението за безбедност на патниот сообраќај во времето од 11 до 22 часот санкционира и пет возачи на мотори, а откриени се 45 останати прекршоци за кои се издадени 21 мандатни платни налози и 24 прекршочни платни налози.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја денеска дел од Аеродром и Карпош

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, корисниците од дел од село Долно Лисиче, од надвозникот кон селото, општина Аеродром;
– во периодот од 10.00 до 14.00 часот, корисниците од дел од улицата 1770, во населба Бардовци, општина Карпош.
Македонија
Претежно облачно, во текот на денот со повремен локален дожд

Времето денеска ќе биде претежно облачно, по одделни котлини со појава на магла. Во текот на денот ќе има повремен локален дожд, особено во југозападните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец кој долж Повардарието краткотрајно ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8, а максималната ќе достигне од 7 до 12 степени.
Во Скопје променливо облачно, претпладне во делови од котлината со појава на магла, а преку денот со услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец кој краткотрајно ќе засилува. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Во петок и за време на викендот врнежите наместа ќе имаат пороен карактер. Во недела и понеделник на планините и на некои повисоки места во северните делови врнежите ќе бидат од повремен снег.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Битола – Прилеп

Сообраќајот на регионалниот пат Битола – Прилеп е нормализиран, соопшти АМСМ.
Претходно од таму информираа дека поради случена сообраќајна незгода со жртва, пренасочен е сообраќајот на регионалниот пат Битола – Прилеп кај местото викано „Беровци“ кај бензинската пумпа на „Макпетрол“.