Македонија
ОКТА: Се истражува од што се запали маркетот на бензинската во Гевгелија, вработените и објектот се безбедни
Денеска се запали маркет во склоп на бензинската пумпа „Окта“ во Гевгелија. Оттаму велат дека пожарот е изгаснат, а во тек е истрагата.
„Денеска околу 14 часот, од засега неутврдени причини кои во моментов се истражуваат, дошло до опожарување во просториите на маркетот во состав на бензинска станица ОКТА која е во сопственост на наш партнер, лоцирана во Гевгелија. Со ефикасната интервенција на локалната противпожарна екипа, пожарот е веднаш изгаснат, со што е спречено негово проширување“, велат оттаму.
Како што дополнуваат, додека се чека официјалниот извештај од надлежните органи, увидот на лице место укажува на тоа дека безбедноста на бензинската станица, на вработените во објектот и на потрошувачите, не е нарушена од овој инцидент.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Костадиновска-Стојчевска: Општина Охрид да одговори за градбата на хотелот во туристичкиот локалитет „Горица“
На иницијатива на министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, денеска се одржа седница на Националната комисја на УНЕСКО, на која беше разгледана актуелната состојба со изградба на хотелски комплекс на туристичкиот локалитет „Горица“.
Членовите на Комисијата донесоа заклучоци со барања до Општина Охрид, како надлежен орган, за доставување на целокупната документација околу изградба на пртедметната локација.
Министерката Косдадиновска-Стојчевска рече дека со оглед на надлежноста и одговорноста што Комисијата ги има, ова тело не смее да остави простор за изигрување на постојаната законска регулатива, поврзана со заштитата на светското природно и културно наследство.
Затоа, Националната комија на УНЕСКО побара од Општина Охрид да ја достави целокупната документација поврзана со предметната парцела: урбанистичка документација за предметната градежна парцела (извод од план или урбанистичката документација врз основа на која е планирана оваа градба и со која е оформена градежната парцела), договор и анекси на договорот за отуѓување на градежно земјиште со електоронско јавно наддавање за градежната парцела, одобрение за градење на градбата од градежната парцела, проектна документација за градбата од градежната парцела врз основа на која е издадено одобрението за градење, известување за почеток на градба, дозвола за сеча на шуми согласно закон и сите други документи поврзани со предметната градежна парцела, а биле потребни за реализација на градбата од градежната працела.
Со оглед на тоа што претставниците на надлежните институции, членки на Националната комисија се изјаснија дека немаат никаква документација поврзана со предметот, беше донесен заклучок од Општина Охрид, чиј претставник не присуствуваше на седницата, да биде побарана целокупната документација која датира од 2011 година наваму.
Во воведот на седницата, Костадиновска-Стојчевска посочи дека до надлежните институции од културата не е доставено барање за изработка на планска документација. Исто така за предметната локација не е доставено никакво барање до НУ Завод и Музеј – Охрид и не се изготвени заштитно конзерваторски основи (ЗКО).
Проект за изградба на предметната локација не е доставен до надлежните институции од културата бидејќи во тој период не беше донесен План за управување со Светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион. По донесување на План за управување со Светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион не е доставен проектот ниту до Комисијата за управување со природно и културно наследство на Охридскиот Регион ниту до НУ Завод и Музеј – Охрид.
По добивање на потребната документација и информациите од Општина Охрид, Националната комисија на УНЕСКО ќе се произнесе со свои заклучоци и препораки во однос на изградба на хотелски комплекс на „Горица“.
Македонија
„Влен“: Влада и Бадентер да, но без ДУИ и Левица
ДУИ ги напушти вредностите за кои се залагаше во 2001 кога наместо за Албанската кауза почна да се грижи единствено за џебовите на нивното раководство и ним блиските роднини. Кога од партија се претворија во Коза Ностра, велат од албанскиот опозициски блок „Влен“.
„Сега кога доаѓа време за одговорност за коруптивните скандали се обидуваат како штит да го користат целиот Албанскиот народ и помалите етнички заедници кои ги користат како заложници. Тие веќе видени трикови не поминуваат. После 8-ми мај ќе има и Влада со ВЛЕН како единствен легитимен политички репрезент на Албанците, ќе има и Бадинтерово мнозинство, ќе бидат обезбедени и фундаментите на Охридскиот Рамковен договор и ќе има одговорност за сите што се огрешиле пред законите“, велат од „Влен“.
Како што оценуваат, не може и не смее одењето во опозиција ДУИ да го претставува како проблем за опстанокот на државата, бидејќи тоа е крајно неодговорно и кукавички. Затоа ги повикуваме да престанат да ги срамат Албанците и славните борци на УЧК.
„Не е крај на светот ако отидат во опозиција. Гарантираме дека нема да има политички реваншизам туку ќе само одговорност утврдена во фер правосудни постапки“, велат од партијата преку соопштение.
Македонија
Игор Димески од Тетово: Државни пензионерски домови, линеарно покачување на пензиите
Носителот од Левица во ИЕ6, Игор Димески, денес беше на средба со тетовските пензионери.
Пред пензионерите ја претстави Програмата на Левица за целната група – пензионерите, за која партијата има поставено јасни законски прописи.
„Со Програмата на Левица целиме кон: линеарно покачување на пензиите, 2/3 повисоки пензии во однос на минималната плата, државни пензионерски домови, намалување на старосната граница за пензионирање и тоа: 60 години за жени, 62 години за мажи”, истакна Игор Димески од средбата со пензионерите во Тетово.
Носителот Игор Димески потенцираше дека пензионерите во денешно време се столб на финансирање на семејството и дека нивниот статус треба на општествено ниво да се промени и да имаат спокојна старост.
Исто така, Димески на тетовските пензионери им понуди бесплатана правна помош од страна на Левица и отворена соработка во секое време.
Пензионерите истакнаа дека се оставени самите на себе за одржување на здруженијата со свои финансии, а револтот го насочија и кон опустошениот пензиски фонд.