Македонија
Олеснета постапката за донација за справување со коронавирусот
Министерството за правда подготви уредба за да ја олесни постапката на донаторите во нивните хумани намери да донираат на буџетските корисници за тие полесно да се справат со состојбите предизвикани од коронавирусот Ковид-19.
Владата денеска ја усвои Уредбата со законска сила за примена на Законот за донации и за спонзорства која предвидува дека донаторите не треба повеќе да поднесуваат барање за потврдување на јавен интерес до Министерството за правда, бидејќи за овој вид донации со уредбата е утврдено дека се од јавен интерес.
Тоа значи дека донаторите за да остварат даночно олеснување за овој вид донации не треба повеќе да доставуваат до Управата за јавни приходи копија од решение на Министерството за правда за потврден јавен интерес на донацијата, како што беше досега.
За сите други донации, донаторите ќе можат барањето за потврдување на јавниот интерес и придружните документи да ги доставуваат до Министерството за правда и во електронска форма, а Министерството ќе може да ја спроведува оваа постапка и по електронски пат, што досега не беше законски признаен начин на спроведување на постапката.
За донациите наменети за справувањето со коронавирусот Ковид-19, како и за секоја друга донација во јавните дејности, опфатена со членот 2 од Законот за донации и за спонзорства во јавните дејности, даночното поттикнување пред Министерството за финансии (за поврат на ДДВ-то) и пред Управата за јавни приходи (за даночното поттикнување кај данокот на личен доход и кај данокот на добивка), ќе може да се спроведува како во хартиена форма така и електронски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

