Македонија
ОМД бара Ескобар да се залага за правата на Македонците во Бугарија
Обединетата македонска дијаспора (ОМД), водечката организација на Македонците надвор од Македонија, испрати писмо до американскиот заменик-помошник државен секретар на САД, Габриел Ескобар, и побара тој да се залага за правата на македонците во Бугарија и да ја посети Софија веднаш по посетата во Скопје.
„Повторните еднострани притисоци и уцени кон Македонија не создаваат клима за добрососедски односи во регионот.
За потсетување, Бугарија има 14 пресуди од Европскиот суд за човекови права за дискриминација на македонското малцинство во Бугарија. Следствено, ОМД бара реципроцитет: доколку САД и ЕУ бараат уставни промени од Македонија, тогаш е сосема логично и Бугарија да го признае македонското малцинство. Хипокритично е да се бара заштита на правата на малцинствата кај членка кандидат, а да се занемаруваат правата на малцинствата во полноправна членка, како што е Бугарија“, се наведува во соопштението на ОМД.
„Бугарија треба Македонците да ги стави во својот Устав.
Исто така, по контроверзната посетата на косовскиот премиер Курти во Македонија, ОМД испрати уште една комуникација до господинот Ескобар и побара да даде изјава дека САД не поддржуваат иредентистички идеи и промена на границите во Балканот.
Во тој допис ОМД ја искористи можноста да го потсети Ескобар дека Македонците не се северномакедонци и дека Македонците не се само православен народ, како што Ескобар не има наречено во интервјуа во минатото. Македонскиот народ е разнолик, со луѓе од разчни вероисповеди, иако мнозинството се православни.
САД е иницијатор и потписник на декларацијата на човекови права на Обединетите нации, која полни 75 години во декември. САД имаат должност да го бранат и правото на самоопределување и човековите права на македонскиот народ, како што тоа веќе го прават многу погласно за некој од другите народи во регионот“, се додава во соопштението на ОМД.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сиљановска-Давкова со раководството на Факултетот за музичка уметност: потенцирана важноста на едукативната и педагошката работа
По повод големиот јубилеј 60 години постоење и дејност на Факултетот за музичка уметност, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ги прими деканката проф. м-р Дарија Андовска, продеканката за настава и наука, проф. д-р Соња Здравкова-Џепаровска и продеканката за концертна дејност, вонр. проф. м-р Марија Вршкова.
За деканката Андовска успехот на факултетот е резултат на големото музичко знаење, љубов, креативност, труд и посветеност на повеќето генерации наставен кадар.
Јубилејот добива на тежина и значење заради фактот дека за релативно кусо време, вработените постигнале далеку поголеми резултати од факултетите, односно музичките академии од регионот, стари и по стотина години.
Честитајќи им го роденденот, претседателката ја потенцираше важноста на едукативната и педагошката работа на Факултетот, којшто изнедрил музички и уметнички великани како Симон Трпчевски.
За Сиљановска-Давкова, неспорна и непроценлива е амбасадорската улога на нашите музички уметници во промоцијата на македонската држава ширум светот.
Таа со задоволство ја прифати поканата да биде покровителка на јубилејот на институцијата којашто е расадник на уметници без кои не може да се замисли успешната работа на Филхармонијата, Националната опера и балет, Националниот џез оркестар, како и на бројните ансамбли и оркестри.
Професорките ја запознаа претседателката со тешките предизвици од финансиска и просторна природа, хроничниот недостиг на инструменти и опасноста од згаснување на некои катедри во отсуство на кадар.
Тие очекуваат преиспитување и измена на низа предложени решенија од новиот Закон за високо образование во претстојната дебата.
Македонија
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по наместа влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по наместа влажни коловози.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Сите патишта водат кон Будимпешта, со владин авион кај шефот и на море, велат од СДСМ
Главна дестинација на владинот авион е релацијата Скопје-Будимпешта. Дури седум пати летале до шефот, во главниот град на Унгарија, според информациите за летањето на владиниот авион кои ги објавија медиумите, велат од СДСМ.
„Сите во Будимпешта, со владин авион, на консултации и по работни задачи кај шефот.
Наместо да лежи во Идризово, ВМРО му подготвува враќање на Никола Груевски.
Затоа и беа тргнати потпретседателите.
Нема повеќе потпретседатели, нема внатрешна конкуренцијам се расчистува патот за единствениот претседател на ВМРО, Груевски.
Мицкоски е само чувар на фотелјата.
Мора да се обезбеди безбеден терен за враќање на газдата“.
Според опозиционата партија, Мицкоски, Николовски, Силјановска најмногу го користеле владинот авион.
„Толку многу се шета, Мицкоски дури и на Јадран оди со владин авион на капење.
Затоа мора да се купува нов авион, да се даваат милиони евра народни пари“, прашуваат од СДСМ.

