Македонија
ОМД ја повика меѓународната заедница да реагира за споменикот со голема Албанија во Сопот, а Владата да го отстрани
Обединетата македонска дијаспора (ОМД) најостро го осудува неодамнешното создавање на Музејот на жртвите, накитен со споменик што ја симболизира голема Албанија, во Сопот, Куманово, Македонија.
Од тука велат дека овој споменик, финансиран со јавни средства од повеќе од 300.000 евра, не е само дрзок приказ на иридентистичко однесување кон Македонија, туку претставува и значајна закана за регионалната стабилност на Балканот.
„Музејот на жртвите, заедно со споменикот што ја симболизира голема Албанија, служи како болен потсетник за историските неправди и територијалните претензии што предизвикаа огромно страдање и поделба во регионот. Нужно е македонската влада да заземе цврст став против ваквите провокативни дејства, кои служат само за влошување на тензиите и попречување на напредокот кон траен мир и стабилност“, велат од Обединетата македонска дијаспора.
ОМД ја препознава важноста од зачувување на историската меморија и промовирање на дијалогот меѓу народите. Сепак, како што се додава, изградбата на споменик што ја велича територијалната експанзионистичка идеологија не е погодна за поттикнување разбирање и помирување. Наместо тоа, таа овековечува опасен наратив, кој ја загрозува деликатната рамнотежа на Балканот.
ОМД ја повикува македонската Влада да преземе итни мерки за отстранување на овој споменик. Исто така, ги повикуваат странските амбасади и Европската Унија веднаш најостро да го осудат овој чин.
ОМД изрази подготвеност да ја поддржи владата во нејзините напори да ја поправи оваа ситуација. Ја повикуваат меѓународната заедница, особено соседните земји на Балканот, да им се придружат во осудата на овој споменик и да се залагаат за негово итно отстранување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Министерството за здравство ги разгледува можностите и капацитетите за поддршка на Швајцарија за згрижување на повредените од трагичниот пожар
Министерството за здравство ги разгледува можностите и расположливите капацитети за да ѝ обезбеди соодветна поддршка на Швајцарија во делот на медицинското згрижување на повредените од трагичниот пожар во Кран-Монтана, соопштија од таму.
„Во таа насока, Министерството за здравство веќе постапува во координација со Дирекцијата за заштита и спасување на РСМ, а преку Координативниот центар на ЕУ за одговор на итни случаи (EU ERCC) воспоставен е канал на комуникација и со здравствените власти во Швајцарија.
Воедно, Министерството за здравство изразува искрено сочувство до семејствата на настраданите и најдлабока солидарност со повредените од овој трагичен настан“.
Македонија
Понудена помош за справување со трагичната несреќа: телефонски разговор на Муцунски со швајцарскиот амбасадор Зомер
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, по трагичната несреќа во бар во швајцарскиот скијачки центар Кран-Монтана, по која беше активиран европскиот механизам за цивилна заштита, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, по остварена консултација со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, и министерот за здравство, Азир Алиу попладнево оствари телефонски разговор со швајцарскиот амбасадор во земјава, Кристоф Зомер.
Во рамки на разговорот, Муцунски изрази искрено и длабоко сочувство до семејствата на загинатите, како и до народот на Швајцарија, упатувајќи желби за брзо и успешно закрепнување на повредените.
Во таа насока, министерот ја изрази подготвеноста на Република Северна Македонија да прифати повредени пациенти, како и да обезбеди соодветна медицинска поддршка во домашните здравствени установи.
Дополнително, министерот изрази подготвеност, доколку има потреба, македонски лекари – специјалисти, кои беа директно вклучени во лекувањето на пациентите по трагедијата во Кочани, веднаш да заминат во Швајцарија и да се вклучат во процесот на лекување на повредените.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец Струга – Граничен премин „Ќафасан“
Секторот за внатрешни работи информира дека во моментов, повторно е воспоставен нормален сообраќај на патниот правец Струга – Граничен премин „Ќафасан“.
Сообраќајот, сега е нормализиран и се одвива во двете насоки а беше затворен и во целосен прекин, од 30.12.2025 година, поради превртена цистерна на патот.
Од тогаш, сите надлежни служби излегоа на местото на настанот и активно отпочнаа со мерки за утврдување на причините за незгодата и дислокација на превртената цистерна од коловозот.

