Македонија
Онлајн дискусија „Глобалните закани, ризици, предизвици, можности и членството во НАТО“
По повод 4 Април, Денот на НАТО и македонското полноправно зачленување во НАТО, Факултетот за безбедност – Скопје и Американскиот центар за образование денеска, понеделник, организираат онлајн дискусија на тема „Глобалните закани, ризици, предизвици, можности и членството во НАТО“.
Говорници на онлајн дискусијата се претседателот Стево Пендаровски, претседателот на Владата – Оливер Спасовски, полковник Зоран Јанковиќ – шеф на Канцеларијата за врски на НАТО, проф. д-р Марјан Ѓуровски – проректор на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ и професор на Факултетот за безбедност-Скопје, проф. д-р Ризван Сулејмани – проректор на Универзитетот „Мајка Тереза“ – Скопје и проф. д-р Никола Дујовски – декан на Факултетот за безбедност Скопје.
Во онлајн дискусијата акцентoт ќе биде ставен на расположливите механизми на НАТО во услови на криза и вонредна состојба со кои денес се справуваме и кои од нив ние можеме да ги искористиме како полноправна членка во справувањето со актуелната криза на пандемијата со коронавирусот (транспорт, достава на медицински материјал, маски и сл), информира проректорот Марјан Ѓуровски, иницијатор на дискусијата. Меѓудругото, се очекува да стане збор за напорите што ги имаме направено, фокусирајќи се на потребата од нови трансформации во иднина со цел да се одговори на новите ризици и закани по безбедноста, заклучува Ѓуровски.
Целта на оваа онлајн дебатата е да се манифестираат активности и можности за делување на Факултетите и во овие специфични услови со цел да собере преку електронска комуникација на едно место студенти, претставници на академската заедница, претставниците на владиниот и граѓанскиот сектор, истражувачи, тинк-тенк организации со цел да ги споделат идеите и погледите во насока што е многу значајна за развојот на нашата држава по членство во НАТО и искористување на механизмите за поддршка во вонредната состојба. Преку активноста ќе се мотивираат и самите студенти за активности и следење на дискусиите на онлајн настанот во овие специфични услови, информира проректорот Ѓуровски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општината Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот корисниците на улиците Борис Сарафов и Атанас Иљоски (општина Ѓорче Петров).
Македонија
Магла на два патни правци, најавен собир на регионалниот пат Берово – Струмица, сообраќајот ќе биде блокиран
Поради појава на магла се бележи намалена видливост од 50 – 60 магла има на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Најава за прекин на сообраќај: На 19.12.2025 година во 10.00 часот од страна на Месно население на село Двориште, најавен е јавен собир на Регионален пат П-1302 (Берово – Струмица) на место викано „Студенецо“, при што сообраќајот ќе биде блокиран, а возачите кои сообраќаат по патен правец Струмица – Берово, да ги користат алтернативните патни правци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне магла
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточниот дел од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на стабилна воздушна маса до понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник кон крајот на денот ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

