Македонија
Опожарена инсталација причина за пожарот кај мостот „Ист гејт“, велат од ЦУК
Причините за пожарот кај мостот „Беласица“, што ги поврзува железничката станица и „Ист гејт“, се поради настанат пожар на опожарена електрична инсталација, топловодна инсталација, соопшти утрово Центарот за управување со кризи.
Според информациите, оштетен е мостот „Беласица“ на улицата Беласица, во близина на ТЦ „Ист егјт“ кај бензинската пумпа „Макпетрол“. Во гаснењето на пожарот интервенирале 21 пожарникари со 8 ПП-возила, а била зафатена површина од 2.000 м2. Пожарот целосно е изгаснат во 4 часот.
Од ЦУК за настаната состојба биле известени сите надлежни институции што посредно и непосредно имале инсталација на мостот и во близината на мостот што беше зафатен со пожарот.
„Конкретно, известени се МВР, кое целосно го блокира сообраќајот на мостот, бензинската пумпа ‘Макпетрол’, АД ‘Гама’ – Скопје, кои беа на самото место и утврдија дека немаат гасоводна мрежа што поминува на овој потег, ‘Македонски железници’, кои во одреден временски период на траење на пожарот го исклучи напојувањето со електричната енергија, ‘ЕВН Македонија’, АД ЕСМ ‘Балкан енерџи груп’, бидејќи имаше оштетено дел од цевките за парно греење и тие пратија екипа за санација на цевките. Во текот на траењето на настанот дежурните од Секторот за операции и координација на ЦУК беа во постојана комуникација и координација со институциите на терен и редовно одговараа на сите потреби на БППЗ на Град Скопје сè со цел полесно да се локализира пожарот и да не дојде до несакани последици како на пожарникарите што директно учествуваа во гаснењето на пожарот така и на населението што се наоѓа во непосредна близина на пожарот“, велат од ЦУК.
Причината за пожарот и материјалната штета дополнително ќе бидат утврдени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

