Македонија
Опозицијата ќе поднесе предлог-закон за зголемување на пензиите
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, денеска, во Собранието, ќе поднесе предлог- закон за изменување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, со кој повторно бараме да се врати старото законско решение со кое изминатите години пензинерите континурано добиваа зголемување на пензиите. Со овој предлог-закон пензионерите ќе продолжат да си го добиваат заслуженото покачување на пензиите, изјави Слаѓана Митовска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
Според неа, со овие законски измени што ги предлагаат ќе се укине штетниот закон што го донесе СДСМ, со кој им се скрати правото на поголема пензија од 500 денари на над 310 илјади пензионери.
„Со предлог-законот за изменување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување што го поднесуваме, се врши враќање на предходното законско решение со кое се вршеше усогласување на пензиите на многу поповолен начин отколку со измените што ги спроведе Владата на СДСМ во овој закон. Со законските измени на СДСМ се врши усогласување на пензиите, но не и реалното зголемување. Власта веќе три години брутално манипулира и си игра со трпението и достоинството на пензионерите. Наместо ветеното зголемување на пензиите, пензионерите од СДСМ добија кратење на пензиите на тој начин СДСМ им ја намали куповната моќ. За разлика од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и кога е на власт и кога е во опозиција, секогаш е тука и се грижи за потребите на граѓаните со посебен респект кон пензионерите.
Апелираме до колегите од парламентарното мнозинство да го прифатат овој предлог-закон, кој ќе им го подобри квалитетот на живеење на оваа категорија граѓани. Сметаме дека грижата за пензионерите треба да биде континуирана секоја година, како што правеше ВМРО-ДПМНЕ додека беше на власт, а не на нив да се мисли само кога се ближат избори, како што тоа го прави оваа Влада предводена од СДСМ. Почитувани пензионери, вие заслужувате достоинствени и спокојни денови, а ние сме тие што имаме обврска да ви ги обезбедиме“, додаде таа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје
Денеска, по повод големиот христијански празник Бадник на подрачјето на град Скопје ќе се одржи „Бадникова манифестација“ во склоп на „Бадникови Поворки“ со траса на движење од пред општинската зграда на општина Кисела Вода, по ул.„Борис Трајковски“, лево по бул.„Македонија“, во продолжение по ул.„Св. Кирил и Методиј“ до пред Музеј на град Скопје, потоа на ул.„Македонија“ во продолжение се до плоштад „Македонија“ каде што ќе се одржува централната манифестација.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за пренасочување на сообраќајот како и мерки за посебен режим на сообраќај на сообраќајниците каде што ќе се движат Бадниковите Поворки и околу верските објекти.
– Апелираме до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници, велат од МВР.
Македонија
Бесплатен превоз за сите граѓани до ски центрите кај Нижеполе и кај хотелот „Молика“
Општина Битола и јавното претпријатие „Пелалинк“ и оваa зима за време на зимскиот распуст за учениците, но и за сите граѓани ќе обезбеди бесплатен превоз до ски центрите на Баба Планина.
„На 8 и 9 јануари ( четврток и петок ) бесплатно можете да одите до ски центрите кај Нижеполе и кај хотелот „Молика“ и да уживате во убавините на планината“, велат од Општината.
Линијата број 1 за до Нижеполе тргнува во 8:00 часот од паркингот кај Спортската сала, а линијата број 2 е за до хотелот „Молика“ и тргнува во 8:00 часот од паркингот кај Новиот пазар.
Враќањето на двете линии е во 13:00 часот.
Македонија
Утре посебен сообраќаен режим во Скопје
Утре (06.01.2026), по повод големиот христијански празник Бадник на подрачјето на град Скопје ќе се одржи „Бадникова манифестација“ во склоп на „Бадникови Поворки“ со траса на движење од пред општинската зграда на општина Кисела Вода, по ул.„Борис Трајковски“, лево по бул.„Македонија“, во продолжение по ул.„Св. Кирил и Методиј“ до пред Музеј на град Скопје, потоа на ул.„Македонија“ во продолжение се до плоштад „Македонија“ каде што ќе се одржува централната манифестација.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за пренасочување на сообраќајот како и мерки за посебен режим на сообраќај на сообраќајниците каде што ќе се движат Бадниковите Поворки и околу верските објекти.
„Апелираме до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници“, велат од МВР.

