Македонија
Општина Аеродром: За една година, Општина Аеродром има повеќе нови проекти од четири години неработење на СДСМ
За помалку од една година мандат, одбележан со светска и домашна енергетска и економска криза, жителите на Аеродром се уверија дека Општината може да функционира подобро, а дадените ветувања да се остварат, велат од Општина Аеродром.
„Во овие неполни 365 дена, аеродромци забележуваат огромна разлика во начинот на кој функционира општината, а инвестициите и проектите што се спроведуваат се видливи за сите.
Аеродромци за една година добија повеќе инфраструктурни проекти, сериозни инвестиции во образованието, нови современи содржини за спорт, забава, рекреација, како и нов начин на работа кој е неспоредлив со четирите години запоставување на Општина Аеродром.
Од ветените 4 нови градинки, со ребалансот обезбедивме средства за изработка на проект за 2, а едната градинка во Стар Аеродром ќе биде пуштена во употреба во наредните неколку недели“, додаваат од оваа општина.
Инвестициите во образованието, според нив, се повеќе од видливи и се неспоредливи со 4те години неработење кои оставија училишта во руини и преполни градинки со стотици деца на листите на чекање. Завршена беше реконструкцијата на ОУ „Димитар Македонски“, ОУ „Блаже Конески“ доби нова фасада и проект за доградба и проширување на капацитетите, ОУ „Ѓорѓија Пулевски“ доби нов велодром и игралишта за фудбал и кошарка, а ОУ „Браќа Миладиновци“ наскоро ќе биде етапно реконструирано. Учениците од 4 одделение за помалку од еден месец ќе добијат таблет уреди за следење на наставата, а сите училишта беа опремени со смарт табли. Училиштата и градинките добија нови фотоволтаици, со што значително се ублажи ударот од енергетската криза. Децата од прво одделение и дечињата со посебни потреби за првпат добиваат бесплатни часови по пливање.
„Наместо самоволие на градежната мафија и гушење на урбаното јадро, градежните парцели ги претворивме во локации на кои ќе има нови паркови и зелени површини. Најфреквентните места добиваат нови плоштади, со што значително се разубавува сликата за Аеродром.
Целосно беа обновени спортските игралишта во СЦ „Марко Божиновски“ и игралиштето „Никола Христовски – Кољо“, а нова подлога добија и неколку други спортски терени низ општината. Најубавите детски катчиња во Скопје се наоѓаат токму во Аеродром, а родителите имаат соодветни услови за игра и забава на своите најмили на разни локации низ општината.
Аеродром константно поддржува настани за сите категории на луѓе, а одлучната поддршка за МЗТ Скопје го врати клубот во АБА 1 лигата.
Благодарение на новиот начин на работа, Општината започна со процесот на дигитализација на услугите, а за само неколку месеци, се издадоа повеќе решенија за легализација од претходните четири години“, се истакнува во соопштението од Општина Аеродром.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Сопиште
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во период од 08.30 до 15.00 часот корисниците, од Ул.Чаирска (општина Чаир)
· во период од 09.00 до 12.00 часот корисниците,од Горно Соње Ул.7 и Ул.9 (општина Сопиште)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Поради протест блокирани се повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни моторни возила.
Како што известуваат од Макам-Транс, превозниците од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора на 26.01.2026 година започнаа протест со блокада на граничните премини за влез и излез на товарни моторни возила од државите кој ќе трае до надминување на проблемот за евиденција на престој на возачите во Шенген зоната.
Граничните премини кои се блокирани се: Деве Баир, Делчево, Ново Село, Дојран, Богородица, Меџитлија, Ќафасан, Блаце, Блато и Стење.
Затворени се граничните терминали за влез на товарни моторни возила на територија на нашата држава и на коловозните ленти на самите гранични премини за излез од државата, но само на делот за товарен сообраќај.
Патничкиот сообраќај за патници несметано ќе се врши на секој граничен премин, велат од Макам-Транс.
Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на патниот правец Куманово – Крива Паланка, до 100 метри на патните правци Делчево – Македонска Каменица и Катланово – Велес и од 100 – 150 метри на патните правци Градско – Неготино и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
(Фото) Ѓорѓиевски: Кејот на Вардар ќе добие нов лик
Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вчера вечер, преку социјалните мрежи порача дека кејот на Вардар ќе добие нов лик.
Тој заедно со министерот за спорт Борко Ристовски, изврши обиколка на кејот на реката Вардар.
„Од утре официјално започнуваме со реконструкција на спортските терени, со што овој простор ќе прерасне во современ спортско-рекреативен центар отворен за сите генерации.
Кејот ќе добие нови и целосно реконструирани терени за фудбал, одбојка и баскет, нова урбана опрема, како и модерни фитнес зони на отворено, достапни за секој граѓанин.
Со проектот се опфатени и спортските терени во Маџир Маало, кои исто така ќе бидат унапредени и ставени во функција на заедницата“, напиша Ѓорѓиевски.

