Македонија
Општина Аеродром и „Нула отпад“ ќе го собираат е-отпадот од домаќинствата

Општина Аеродром и „Нула отпад“ од денеска почнуваат нов начин на собирање електричен и електронски отпад од домаќинствата.
Жителите на општина Аеродром имаат можност да го користат бесплатниот сервис за собирање е-отпад директно од домовите. Сѐ што треба да направат е да пријават на телефонската еколинија 070/236-000 дека поседуваат електронски или електричен отпад, како што се стари телевизори, машини за перење, бојлери или мали уреди за домаќинство.
„Го поддржуваме овој нов начин на собирање електронски отпад бидејќи тој е еден од најопасните загадувачи. Со собирањето електронски отпад директно од домовите им помагаме на граѓаните на едноставен и бесплатен начин да се ослободат од опасниот отпад“, изјави градоначалникот на општина Аеродром, Златко Марин.
Тој посочи дека ваквите акции имаат големо значење како дел од мерките за заштита на животната средина.
Претставничката на „Нула отпад“, Александра Пановска-Илиевска, рече дека не само што им се овозможува на граѓаните да се ослободат од овој опасен и многу често канцероген отпад, туку на ваков начин и ќе ја избегнат казната од 60 евра предвидена за фрлање отпадна опрема од домаќинствата заедно со комуналниот отпад.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Големи колони на границата со Грција пред празникот

Големи колони на возила можат да се забележат вечерва на граниниот премин „Богородица“ кон Грција.
Со оглед на тоа што утре е неработен ден, 1. Мај, голем број грѓани се упатија кон туристичките места.
Како што може да се забележи на видео камерите, на останатите гранични премини нема големи задржувања.
Македонија
Поддршка од министерот за правда за Пандов чијашто куќа беше запалена: „Случајот бара одлучна акција“

Министерот за правда Игор Филков најостро го осудува палењето на куќата на директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов и бара одлучна акција во која ќе се утврдат причините и најстрого казнат можните сторители.
„Најостро го осудувам палењето на куќата на директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов. Му давам целосна поддршка во неговата истрајност и борба против криминалот и корупцијата. Овој случај како и неколкуте други случаи поврзани со лицата вработени во УИС и затворите, бараат одлучна акција во која ќе се утврдат причините и најстрого ќе се казнат можните сторители“, вели Филков.
Директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов, претходно, на социјалните мрежи објави дека му бил запален домот. Нема да не запрат и нема да не поколебаат, напиша тој.
Македонија
Кирков: Вработените во ЗОО последно земале февруарска плата

До Стефан Кирков, којшто е член на Советот на Град Скопје, пристигнала молба од вработените во скопската Зоолошка градина и барање за реакција и помош. Го известиле дека последна плата која ја земале е фебруарската плата и одтогаш немаат никакво примање.
„Веќе сме мај, а овие вработени се оставени без примања и навистина сум запрепастен до каде ќе се оди со непрофесионалноста во ова раководство на Градот и кадрите кој ги поставува?! Вработените од утре ќе бидат и без здравствено осигурување !!! Поминаа празници како 8ми Март, Рамазан Бајрам , Велигден на праг е и 1ви Мај а вработените се оставени и заборавени замислете да им се исплати плата !!! Цели фамилии страдаат од нечија непрофесионалност!“, напиша Кирков на социјалните мрежи.
Тој ги проѕва Град Скопје , Данела Арсовска и Зоран Попов сигнализирајќи и дека состојбата може да доведе до протести.