Македонија
Општина Карпош: Малите карпошани набргу ќе се вселат во нова градинка
Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски и официјално „и ги предаде клучевите“ на директорката на градинката „Мајски Цвет“, од монтажната времена барака на локалната самоуправа, во која привремено околу шеесет денови ќе бидат сместени дечињата од оваа детска градинка, додека се прави новиот објект во населбата Тафталиџе 1.

– Директорката и вработените во оваа градинка ќе управуваат со овој објект, кој го адаптиравме за прием на дечињата и нивен дневен престој, додека им ја изградиме за околу два месеци новаата градинка по сите еколошки стандарди. Потоа, ќе следува изградба на нов објект на градинката „Пролет“, попозната како „Пролет – Канела“, и исто така, децата ќе бидат привремено сместени во овие општински објекти додека се гради и нивната нова градинка, нагласи првиот човек на Општината Стевчо Јакимовски.

Општинскиот татко, исто така потенцираше дека по завршување на привремениот прием на децата од градинките кои целосно ќе се градат по нови стандарди, Советот на Општина Карпош е тој што ќе одлучи за што во иднина ќе бидат ползвани овие два објекти, но според неговата визија, Јакимовски истакна дека општинската барака 1 би можела да биде дополнителен објект на градинката „Орце Николов“, која се наоѓа веднаш во непосредна близина на објектот, додека општинската барака 2, би требало да биде дел отстапен за користење на архивата на Општина Карпош, додека другиот дел да се оспособи за простории за културно – уметничкото друштво „Цветан Димов“, кое оваа година, прославува 51-годишнина од своето постоење, извести општина Карпош.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, во вечерните часови повремен дожд
Променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта во северните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно, во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на серија влажни воздушни бранови од утре во вечерните часови до понеделник следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни и во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m²).

