Македонија
Општина Карпош: Очигледна е намерата на одредена група граѓани да прават кризни ситуации во Трнодол
Група граѓани на насилен и вандалски начин оневозможија да се одржи јавната презентација за предлог-планот за делот околу Трнодол, велат од Општина Карпош по инцидентот во Општината , каде што беше нападнат службеник и беше направена материјална штета во просториите на УЗ „Кузман Јосифовски – Питу“. Очигледна е намерата, додаваат од таму, на одредена група граѓани од политички или други побуди да прават кризни ситуации во Трнодол.
Како што велат од Општината, група граѓани уште на самиот почеток свесно и со намера сакале да предизвикаат инцидент.
„Општина Карпош целиот процес го води транспарентно. Токму затоа го продолжи временскиот рок на спроведување на јавната анкета, која ќе трае 11 дена, и покрај тоа што законскиот минимум е пет дена. Во интерес на граѓаните локалната самоуправа, наместо до 15.30, го стави на увид новиот предлог ДУП секој работен ден од 8 до 18 часот, каде што карпошани преку пополнување анкетни листови може да ги дадат и своите сугестии.
Во изминатиот период службите и градоначалникот Стефан Богоев одржаа средба со засегнатите граѓани, на која се постигна согласност за сите суштински работи. Исто така, постојано се информираа и медиумите за овој предлог-ДУП, а се одржа и брифинг со новинарите“, велат од Општината.
Од таму велат дека категорично се оградуваат од какви било напади или притисоци кон медиумските работници.
„Општина Карпош продолжува да работи транспарентно и одговорно и секогаш ќе биде достапна за новинарите, бидејќи вистината останува општиот интерес на граѓаните, институциите и медиумите“, се наведува во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

