Македонија
Општина Прилеп демантира дека ќе врши еутаназија на кучињата со лајшманиоза
Општина Прилеп остро ги демантира наводите објавени на некои медиуми, дека Градот Прилеп ќе врши еутаназија на кучињата.
„Со извадена изјава од контекст, се спинува основната информација дадена на прес конфренцијата, по координативната средба што на иницијатива на градоначалникот Илија Јованоски истиот ден (05.06.2018г.) се одржа во Општина Прилеп, со цел превенција на лајшманиозата примарно кај човекот, а потоа кај кучињата.
Основната информација е дека на оваа координативна средба, меѓу претставниците на надлежните служби и здруженија на одгледувачи на домашни миленици и нивна заштита, даден е предлог, да се изврши измена на законската регулатива за еутаназија на кучињата со цел превенција на болеста кај човекот. Но, за да се реализира една ваква иницијатива, сигурно дека претходат дебати кои што задолжително ја вклучуваат „Анима мунди“, Кинолошкиот сојуз и сите други асоцијации за заштита на животните.
Реакциите на „Анима мунди“, за Општина Прилеп се разбирливи, но, велат „Анима мунди“ и сите други здруженија за заштита на животни, секогаш треба да се обраќаат до општината за точна информација, а не да се потпираат на прилози објавувани во одредени медиуми и портали.
Општина Прилеп упатува покана до сите здруженија за заштита на животни на локално ниво, да се приклучат кон акцијата за спречување на лајшманиозата. Овој сериозен проблем бара системски и мултисекторски пристап и решенија. Само со заеднички сили и конкретни мерки може да се дојде до бараните резултати, а во интерес на целата заедница, велат од општината.
Во рамките на законските обврски согласно со Законот за заштита од заразни болести, Општина Прилеп во соработка со Центарот за јавно здравје деновиве спроведува дезинсекција во градот, како една од мерките за превенција на лајшманиоза. Општина Прилеп, поточно ЈКП „Комуналец“ согласно законските регулативи подготвува стационар за згрижување на 50 кучиња, вработен е ветеринарен лекар, а се преземаат и бројни други мерки во функција на поголема превентива.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се оддалечуваме од Европа поради политиките на власта, му рекол Филипче на известувачот Томас Вајц
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска одржал состанок со постојаниот известувач на Европскиот парламент за Северна Македонија, Томас Вајц. На состанокот, како што информираа од партијата, станало збор за актуелната политичка состојба и за евроинтеграцискиот процес на државата.
Филипче изразил благодарност за ангажманот на ивестувачот на ЕП, Вајц, во следењето на процесот, како и за поддршката на Европската Унија и Европскиот Парламент за европската перспектива на нашата држава.
„На средбата, Филипче посочи дека статусот во кој се наоѓа евроинтеграцискиот процес на Македонија е сериозно загрижувачки, реформската агенда е закочена, реформите не се спроведуваат, а власта не покажува волја за продолжување на европскиот пат. Тој додаде дека наместо напредок кон европскиот пат, државата поради политиките на власта се соочува со стагнација, блокирани реформи и политики кои ја оддалечуваат државата од европските стандарди“, велат од СДСМ.
Филипче нагласил и дека европската интеграција за Македонија значи процес што го зајакнува владеењето на правото, гради функционални институции и обезбедува подобар живот за граѓаните, а Македонија заслужува да се движи напред, а не да губи време и да остане изолирана.
Воедно, Филипче порачал дека СДСМ останува цврсто посветена на европските вредности и реформи, бидејќи иднината на Македонија во Европската Унија, тоа е клучот за подобра, праведна, просперитетна и напредна држава, за подобра иднина за сите граѓани.
Македонија
За возачка дозвола доволно е завршено основно образование, рече Јаневска по протестите
Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека за полагање возачки испит е потребно најмалку завршено основно образование, нагласувајќи дека државата обезбедува можности.
„Образованието е бесплатно и за оние што ја надминале возраста, така што до 29 години тие преку Центарот за образование добиваат едукација. Сме имале и проекти со наши странски партнери преку кои Ромите што биле заинтересирани да го дополнат своето образование добиле некаква едукација соодветна на барањата на пазарот на трудот, нивните лични потреби итн“ рече Јаневска одговарајќи на новинарско прашање. Додаде и дека Министерството финансира околу 40 ромски медијатори со цел зголемување на опфатот и редовното присуство на ромските деца во училиштата.
Изјавата доаѓа по протестите на граѓани кои побараа ослободување од обврската за полагање возачки испит бидејќи немаат неопходен степен на образование, а автомобилите им се неопходни.
Македонија
Дожд и облаци утре, постудено на почетокот на следната седмица
Времето утре ќе биде променливо облачно. Во западните делови ќе има врнежи од дожд, а попладне услови за дожд ќе има и во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер со променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 11 степени, најавува УХМР.
Утре ќе се задржи променливо облачно време наместа со повремен слаб дожд освен во западните делови каде што ќе биде облачно со врнежи од дожд кои ќе бидат со пообилен интензитет (над 15 l/m²). Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Нови врнежи ќе има во недела и почетокот на следната седмица кога ќе настапи заладување со повремени врнежи од дожд, а на планините и во некои од повисоките места од снег.

