Македонија
Општина Струмица: Заев е чист, доколку не е така, институциите во времето на ВМРО-ДПМНЕ ќе го санкционираа
Општина Струмица денеска преку соопштение ја демантира информацијата за наводниот судир на интереси, пласирана во јавноста преку пресот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Вистината вели дека Општина Струмица по пат на електронско јавно наддавање изврши продажба на споменатото градежно земјиште, а го купи физичкото лице Сашко Брндевски, за кое во согласност со Законот за градењето доби и одобрение за градба. Подоцнежната промена на инвеститорот е направена врз основа на договор за отстапување право на градење, а на решението за промена на инвесторот не стои потписот на Зоран Заев. Тоа значи дека не постои никаков судир на интереси, како што обвинува господинот Мицкоски“, се наведува во општинското соопштение.
Оттаму велат оти очигледно е дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ прави залуден обид да ја дискредитира Општина Струмица и да го наруши угледот на поранешниот градоначалник, а сега премиер, Зоран Заев.
„Дека сè е во согласност со законот, зборува и фактот дека споменатата продажба на градежно земјиште се случила во време кога на власт била ВМРО-ДПМНЕ, па доколку имало нешто што се коси со Законот, институциите сигурно ќе реагирале, особено кога се работи за Општина Струмица и Зоран Заев“, велат од Општина Струмица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

